Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуални работници Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуа | Page 45

се мажите што имаат односи со мажи, лицата што користат дроги и трансродовите лица, а исто така и организации и мрежи на луѓе кои што веќе живеат со ХИВ вирусот. Соработката помеѓу сите овие движења и организации го зајакнува колективот и му дава некој вид на сигурност дека заедницата е во центарот на вниманието. Многу е битно развојните партнери во земјите со ниски или средни приходи, владините и националните партнери во сите земји, активно да го поддржуваат одржувањето на организациите предводени од сексуалните работници. Нелогично е да се очекува дека една група од мал број на поединци ќе израсне во движење чии членови активно ќе се борат за националниот одговор за ХИВ, се додека тие не добијат поддршка која ќе го одржува ова движење. Маргинализацијата на сексуалните работници во пошироката економска и општествена сфера го прави одржувањето на движењата голем предизвик. Многу е важно во овој дел од процесот на зајакнување на заедницата, заедниците да бидат веќе стекнати со поголема сила и нивните претставници да бидат подеднакво почитувани партнери во донесувањето на закони и покрај статусот што го има сексуалната работа. Темелот за добивање на одговор за ХИВ во последните 30 години е силно, здраво и динамично граѓанско општество кое што работи во партнерство. Како што одиме понатаму, организациите и мрежите на сексуални работници треба да бидат основата на ова партнерство. 1.3 Следење на напредокот Од голема важност е заедниците да ги следат сите процеси со цел да ги подобрат услугите што ги нудат и да ги обликуваат услугите што ги примаат. ХИВ програмите базирани на човековите права и зајакнување на заедницата бараат од организациите водени од сексуални работници да постават парамерти за следење и евалуација на програмите преку сите фази на развојот, вклучувајќи го и следењето и евалуацијата на самото движење на сексуалните работници. Краткотрајните и долготрајните планови и цели треба да се воведат така што ќе се однесуваат на специфични процеси, како што е процесот на зајакнување на заедницата. На пример, следење на зајакнувањето на заедницата во врска со превенцијата на ХИВ, третманот, негата, поддршката и здравствените услуги ќе ја мерат вклученоста на сексуалните работници во следново: како се пружаат услугите, обезбедување на нивниот квалитет, распределба на средствата, обука на вработените за спречување на стигмата и застапување за да се спречи дискриминацијата; отколку само да се мери процентот на сексуални работници кои учествуваат во пружање на некои услуги. Во програмите базирани на зајакнување на заедницата, следењето и евалуацијата не треба да вклучува само дали услугите се пружаат и дали е присутна здравствена помош, туку треба да се направи обид да се следи и оцени дали и до кој степен е процесот на зајакнување на заедницата. Често, 21