програмските индикатори ги мерат квантитативните резултати, како што е бројот на контактирани сексуални лица, бројот на дистрибуирани кондоми, наместо документирање на напредокот на организацијата предводена од сексуални работници и општествено исклучување.
Кутија 1.9
Пример на случај: Следење на зајакнувањето на заедниците на сексуални работници во Индија
Следење на зајакнувањето е голем предизвик затоа што самите бројки не ја доловуваат комплексноста на сите фактори што го дефинираат зајакнувањето. Во Avahan India AIDS Initiative, каде што невладините организации работеле со лидерите на заедниците да воведат формално регистрирани CBO, изјавиле дека само со извештај за бројот на групи на заедници или ордржани состаноци не е адекватен показател, затоа што така не може да се долови квалитетот на градењето на капацитетот и функционирањето и автономијата на групите. За да се реши ова, воведени се повеќе истражувања кои имаат за цел да го доловат вистинскиот квалитет на зајакнување на заедницата користејќи индекс со повеќе групи на индикатори. Овие истражувања биле спроведени во тек на 7 дена од страна на претходно обучени лица кои се лидери или членови од CBO, како и вработени во било која NGO. Првичните резултати биле испратени до CBO и NGO и резултатите биле дискутирани со нив, со детална анализа која била објавена покасно. Според сите овие резултати дошле до заклучок дека комбинацијата на квантитативните и квалитативните индикатори и пристапи кон следењето и евалуацијата е тоа што било потребно за конечно да се сфати колку е комплексен овој процес на следење и одржување на секој колектив.
22