Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуални работници Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуа | Page 44

• Донорските организации можат да го поддржат процесот на зајакнување на сексуалните работници со финансиски иницијативи кои го зголемуваат капацитетот на сексуалните работници и го поддржуваат организацискиот развој. Важно е да се напомене дека Интернационалите договори и политики на глобално ниво можат да го олеснат или да го спречат зајакувањето на заедниците на сексуални работници со дозволување или ограничување на пристапот до финансиските средства.
Кутија 1.8
Пример на случај: Јужните партнерства помеѓу организациите водени од сексуални работници
Глобалната мрежа на Проекти за сексуалната работа ги предводеше иницијативите за зајакнување на соработката помеѓу Југот и останатите организации предводени од сексуалните работници. Образложението за ова е да се здружат посилните и подолготрајните организации и мрежи со оние што се во процесот на зајакнување на нивните движења. Ова овозможува споделување на искуства, учење на нови идеи и формирање на нови сојузници.
Следејќи го Фестивалот на слобода на сексуалните работници во 2012 година во Калкута, Индија, сексуалните работници од Африка спроведоа студија во академијата Ашодаја во Мисоре и неколку програми на SANGRAM и VAMP во Сангали. Oваа студија беше проследена со враќање на индијските организатори во Кенија за да дискутираат за воведување на една интернет страна за учење и да учествуваат на Афричкиот сојуз на сексуални работници за стратешко планирање и запознавање.
Слично на тоа, една интернационална програма за ХИВ, Bridging the Gaps, овозможува можности за размена на часови од проектите поврзани со ХИВ во Азија и Африка, вклучувајќи го зајакнувањето на заедницата, градењето на капацитети на програмските менаџери и идентификација на примерите за добра практика.
Ваквиот тип на партнерства ги поврзуваат локалните со глобалните движења, стимулираат размена на знаењата и придонесуваат за зајакнување на движењата на сексуалните работници за нивните права.

1.2.8 Оддржување на движењето

За да го одржат своето движење, сексуалните работници треба да работат во солидарност со останатите општествени движења, а посебно со оние кои што се борат за човечките права. Ова може да подразбира и движење на други клучни популации на луѓе кои што се изложени на висок ризик на ХИВ, како што
20