• Процеси за правење промени и барање на нови можности.
Развивање на една поширока основа на вештини и раководење во рамките на колективот и поврзување со другите организации може многу да помогне да се обезбеди една издржлива организација на сексуални работници кои се стремат да го променат донаторот на финансиите или да го променат начинот на раководење на владините или невладините организации.
1.2.7 Обликување на политиката и создавање на поволни услови
Препораките од 2012 година: Препораки за добра практика 3 Здравствените услуги треба да бидат правени преку интернет, пристапни и прифатливи за сексуалните работници базирани на принципите за отстранување на стигмата, дискриминацијата и правото на здравје.
Процесите на зајакнување на заедницата имаат за цел да влијаат врз политиката и создавањето на поволна средина и услови. На пример:
• Програмите за ХИВ треба да имаат афирмирани мерки за промовирање на универзалните човечки права што ги имаат сексуалните работници, вклучувајќи ги и правата за здравствено и гордо живеење, исто така и живот без насилство, дискриминација, омаловажување и потценување.
• Општествените стратешки и здравствени планови треба да го признаат високиот степен на ризик од ХИВ и ранливоста на сексуалните работници и исто така да им обезбеди интегрирани, високо квалитетни здравствени услуги и истите да бидат пристапни и прифатливи за машките, женските и трансродовите сексуални работници.
• Органите за спроведување на законот мораат да бидат вклучени во помовирање и заштита на човечките права на сексуалните работници и во програмите за создавање на политички легални средини, така што ќе помогнат во финансирањето и поддршката.
• Економското зајакнување на сексуалните работници е многу битно: Сексуалните работници треба да ги имаат истите права како и останатите неформални работници 9, а тоа е да имаат сигурни и безбедни работни услови, вештини за обука и доживотна едукација, пристап до сметките во банка и истиот потенцијал да им помогнат на своите фамилии и да ја планираат својата иднина како сите останати работници
9
Препораките на Меѓународната организација на трудот против ХИВ и СИДА и Светот на работа( Бр. 200) ги покриваат“ сите работници што работат под сите форми или ангажмани и на сите работни места, вклучувајќи ги сите вработени со различни занимања“( Параграф 2( а))
19