Друга клучна компонента за оджување на организацијата е финансискиот менаџмент. Тој може да се развива на повеќе начини во зависност од потенцијалниот капацитет на организацијата, нејзините ресурси и сложеноста на тие финансии. Една организација може да самата да раководи со финансиите или таа работа може да ја извршува некоја друга локална организација. Во зависност од големината на организацијата, битни компоненти на силно финанскиските системи за управување вклучуваат:
• Добро документирани финансиски системи и финансиска контрола
• Документирани финансиски датотеки
• Процедури за финансиска ревизија познати и разбрани од страна на членовите
• Соодветен број на адекватно квалифицирани вработени, во зависност од сложеноста и големината на организацијата.
Зајакнување на управувањето и организацискиот капацитет
• Создавање на фер и транспарентен метод за донесување одлуки во склоп на организацијата
• Да се осигура дека процесот на спроведување и управување со активностите е транспарентен и има одговорност, а и да може да се учествува во него.
• Да се воведе транспарентен систем за ракување со човечките и финансиските ресурси.
• Сексуалните работници треба да го контролираат планирањето, спроведувањето и следењето на колективот и неговите активности, вклучувајќи идентификување на индикаторите за следење.
• Поддршка за развојот на членство во групата и унапредување на целите и задачите на групата.
• Поттикнување за соработка и учење од другите општествени и интернационални организации водени од сексуални работници. Кутија Зајакнување на системите на заедниците – зајакнување на колективот – исто така вклучува процедури за развој на одржувањето на оперативни групи, вклучувајќи транспарентен и демократски процес на бирање на лидерите, како и менторството на новите лидери и нивно успешно планирање. Организациите на сексуални работници, најчесто се започнати од мала група на динамични поединци. Сепак, за да бидат истрајни, овие организаии мора да направат силни лидери и организациски менацери и да се инвестира за развивој на идните лидери. Ова бара сретства за обука на лидерите и градењето на капацитетот, како и конекции со националните, под-регионалните, регионалните и глобалните мрежи на сексуални работници да ги разменат знаењата, искуствата и да се поддржуваат едни со други. Активностите за организациско лидерство и управување вклучуваат:
• Стратешко планирање кое ја одразува визијата и мисијата на организацијата.
• Раководење кое вклучува голем спектар на вработени и други членови од заедницата во организациско донесување на одлуки и обезбедување размена на информации во склоп на организацијата.
18