Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуални работници Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуа | Page 40

1.2.6 Зајакнување на системите на заедницата( зајакнување на колективот)

Формирање на било каков колектив е голем предизвик, но неговото оддржување и зајакнување е уште потешко. Движењата предводени од заедниците околу светот се соочуваат со значителни препреки, вклучувајќи несоодветно финансирање, премалку платени вработени, сложени потреби на заедницата, политички проблеми околу нивното постоење, конкуренција за ресурсите во заедниците и непризнавање на важноста на нивното население. Организациите за сексуални работници, како колективи, се соочуваат со сите овие предизвици, па и повеќе. Маргинализацијата и недостатокот на видливоста во правните, општествените и економските структури на сите општествени нивоа значи дека нивните организации и мрежи се недоволно финансирани и потценети.
Силна организација водена од заедницата се карактеризира со активно членство, зголемување на финансиската независнот, поголема политичка моќ и пошироки општествени ангажмани. Постојат неколку начини за да се постигне ова( види Кутија 1.6). При спроведување на одговорот на ХИВ, владата, донаторите, пошироките општествени движења, локалните организации и меѓународните агенции имаат одговорност да им обезбедат издржлива помош на организациите.
Зајакнувањето на системите на заедницата е механизам кој им обезбедува значително учество на организациите водени од заедницата во пошироките политички и програмски системи на државата и да се решат и спречат внатрешните проблеми и конфликти. На локално ниво, ова значи дека организациите за сексуални работници и мрежи учествуваат во планирањето, во комитетите за финансирањето и спроведувањето како и некои други релевантни тела, кои што обезбедуваат сигурно решавање на потребите на сексуалните работници од заедницата. Исто така може да значи дека во склоп на сексуалните организации или помеѓу други бројни организации, структурите водени од заедницата имаат за цел да ги следат, да одлучуваат или на некој друг начин да ги решат клучните проблеми што ја засегаат заедницата. Ова може да вклучи стратегии за намалување на насилството, распределба на стандбените простори или функционирање на заедниците со финансиските задруги.
16