Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуални работници Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуа | Page 39

работници.
Препораки од 2012 година: Препораки за добра практика 2
Владата треба да воведе антидискриминаторни и други закони за почитување на правата за да ги заштити сексуалните работници од дискриминација и насилство или други проблеми со кои што се соочуваат, со цел да се намали нивната ранливост кон ХИВ инфекции и дејството на СИДА-та. Законите против дискриминацијата треба да им гарантираат на сексуалните работници право на општестцени, здравствени и финансиски услуги.
Силата на колективот и партнерството што е изградено се клучни работи за промоција во рамките на човекови права. Спречување на стигмата и дискриминацијата, поддршка за мобилизација, едукација на членовите за нивните универзални човекови права и менување на ставот на пошироката заедница( лица што не се сексуални работници) се активностите кои најмногу ги тестираат самите организации и мрежи. Дадени се два примери( Кутија 1.5) кои ја покажуваат важноста на партнерството и централизирањето на зајакнувањето на заедницата.
Кутија 1.5
Пример на случај: Промовирање на човечките и општествените права со полицијата и владата во Тајланд и Бразил
Нелегалното поседување кондоми на сексуалните работници го нарушува нивното основно право на здравје, но во Тајланд тоа е вообичаена практика на локалното спроведување на законот, иако владата на некој начин пробала да го спречи овој проблем. Група на сексуални работници( SWING), заедница водена од сексуални работници, развиле иновативно партнерство кое ги вклучува полицајските кадети во нивните програми за теренска работа. На кадетите им е понудено 3 неделно стажирање со SWING волонтерите за промоција на користењето на кондоми. На крајот на стажирањето, кадетите им држат презентација на останатите 1,400 полициски академски студенти. Како резултат на оваа програма, секусалните работници се помалку се соочувале со малтретирање од страна на полицајците и многу помалку биле апсени. Исто така, полициските стажанти станале промотери и заштитници на човечките права на сексуалните работници со што ја промениле внатрепшноста на полициската култура.
Додека во Бразил, организацаја Davida— Prostituição, Direitos Civis, Saúde со години се борела против стигмата и дискриминацијата. Тие направиле партнерство со владата за воспоставување на полициски комитети, отпочнале масовни кампањи за да го сменат мислењето на општеството и полека го менувале мислењето на владата околу одговорот за СИДА. Еден од најважните успеси на оваа организација е што со своето застапување успеале да ја убедат владата да ја признае сексуалната работа како легална професија која им гарантира на сексуалните работници исти права како и сите останати работници, вклучувајќи и примање на пензија.
15