на насилството, мито и малтретирање, или тие можат да ги споделат заедничките потреби, како што е нега за децата, или пак да бараат информации како нови( најчесто без документи) жители на државата.
Видот на организација што се препорачува е колектив. Тоа значи дека сексуалните работници самите заедно се организираат во групи. Тие заедно( колективно) одлучуваат за приоритетите на целата група, донесуваат заеднички одлуки и се согласуваат да бидат сите заедно како една група. Во крајна линија, колективот се однесува во интерес на целата група, ретко само на индивидуалните потреби. Сексуалните работници самите одлучуваат кога ќе биде формиран колективот и нема никаква временска Кутија за кога да го направат тоа.
Клучно е да се напомене дека процесите и организациите предводени од заедницата не се синоним за организациите базирани на заедници( CBO). Кај организациите водени од заедницата, моќта и донесувањето на одлуките лежи во рацете на членовите на заеднизата, а тоа се сексуалните работници, додека кај CBO, моќта лежи кај одредени членови од заедницата или кај членови кои не припаѓаат на заедницата, туку се однесуваат како администратори. Самоопределувањето и независноста на организацијата, како и посветеноста на постигнување на сите зацртани цели на кои што членовите од заедницата се согласиле се основните работи што организацијата ја прават колектив.
Кутија 1.3
Здружување на сексуалните работници
• Организирање на групни активности во безбедните места, базирани на интересите на сите членови од групата.
• Планирање на активности за специјални настани, како што е Меѓународниот ден за борба против насилството врз сексуалните работници( 17-ти декември).
• Да се поканат активисти или теренски сексуални работници од соседните области и да одржат говор на некој собир на локалните сексуални работници.
Организациите за сексуалните работници настануваат на различни начини. Двата осносвни начини се:
• Настанување од процесот на зајакнување на заедницата или други процеси поддржани од други заедници и организации, вклучувајќи национални, регионални или глобални мрежи предводени од сексуалните работници
• Независно настанување на организацијата од страна на самите сексуални работници
Предноста на првиот начин на настанување е тоа што партнерските организации се во можност да помогнат преку финансирање, наоѓање на соодветно место,
12