Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуални работници Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуа | Page 35

Кутија 1.2
Програми водени од теренските сексуални работници
Тие се фокусираат на :
• Потребите и искуствата на самите сексуални работници , а не мислењето на програмерите за нивните потреби
• Самиот процес на теренска работа водена од сексуалните работници , со акцентот ставен на начините на заштита на сексуалните работници , а не на некои други индикатори ( пример , броењето на дистрибуирани кондоми е дел од програмата , но не треба да се смета дека само тоа е доволно )
Со цел да се стекне довербата на сексуалните работници , од голема важност е да се вработат едукатори и теренски работници кои и самите се сексуални работници . Ова е потребно затоа што сексуалните работници :
• Ги споделуваат заедничките искуства кои што можат да ја намалат стигмата и да ја зголемат самопочитта и колективната солидарност
• Се поопуштени да ги раскажат сите интимни детали поврзани со сексуалната работа на некој кој веќе имал такво искуство
• Со поголема веројатност ќе ги следат упатствата за услугите , ќе побараат медицинска помош и третман доколку советите им ги дава лице на кое што тие му веруваат
• Имаат познавања од индустријата на сексуална работа која што ги информира клиентите , менаџерите , спроведувачите на закони и пружателите на здравствени услуги за нивните теренски активности .
Сепак , сексуалните работници не треба да се ограничуваат само на овие нивни улоги , туку треба да им се даде можност да учествуваат во што е можно повеќе програми на различни нивоа , вклучувајќи и донесување на одлуки во врска со создавање на програмот , спроведување , ракување и учество во некои правни работи . Градење на капацитетот и менторството треба да биде приоритет за сексуалните работници за да стигнат до овие позиции

1.2.3 Развивање на колективи на сексуалните работници

Формирање на било кој вид група или организација на сексуални работници ќе биде успешно само ако процесот е започнат и предводен од заедницата . Првиот заеднички чекор за развој на заедницата е обезбедување на безбедни места каде сексуалните работници може да дојдат заедно , да се социјализираат и да ги дискутираат за проблемите . Ова може да биде како една вежба за зајакнување и да им помогне на сексуалните работници да ги согледаат заедничните проблеми и да бидат повеќе приврзани едни со други . Сепак , овие безбедни места се само еден начин за започнување на групните процеси . Сексуалните работници исто така заедно можат да ги согледаат клучните проблеми кои што влијаат на нив , но тоа бара групен одговор како спречување
11