Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуални работници Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуа | Page 37
помош околу активностите и некои правни работи со кои што би се отстраниле
препреките. Оваа помош е секогаш потребна и добредојдена и треба да
вклучува соединување со некоја локална група или веќе постоечка организација.
Сепак, ако една организација се стреми кон тоа да стане колектив, треба да биде
предводена од заедницата и неговата форма и функција треба да се базира
исклучиво на приоритетите и потребите идентификувани од страна на сите
членови. Важно е надворешните партнери да разберат дека на организацијата
треба да и се даде слободата да си го најде својот сопствен пат.
Во некои случаеви, групите на сексуални работници ангажираат консултанти да
ги водат низ процесот на формирање на една организација или да примат помош
од едно или две вработени лица од некоја друга NGO. Ако не ангажираат никого,
тие можат самите да го направат тоа така што ќе побараат помош од некој
адвокат од партнерските NGO или од националните и регионални мрежи
предводени од сексуалните работници. Организација која има искуство во
правење проекти, финансиски менаџмент, следење и известување,
комуникација и зголемување на финансиите може да помогне во градење на
капацитетот на сексуалните работници преку обезбедување на тренинзи и
можности за надоградување на практичните вештини.
1.2.4 Прилагодување кон локалните потреби и
контексти
Сексуалните работници се соочуваат со најјразлични правни, политички,
општествени и здравствени средини. Сексуалната работа може да биде сметана
како криминал или како легално дозволена работа; Сексуалните работници
можат да бидат мигранти без документи, многу подвижни или пружатели на
услуги во нивните домови. Програмите за ХИВ мора да бидат многу
чувствителни бидејќи во оваа индустрија има сексуални работници од многу
различни култури. Што значи да се биде дел од една заедница на сексуални
работници варира во зависност од културата, етничката припадност, јазикот,
локацијата и социоекономската позиција на секој сексуален работник. Па така,
како резултат на овие различности, различни заедници на сексуални работи
имаат различни потреби и предизвици кои треба да ги решат со помош на
иницијативите за зајакнување на заедницата.
Многу битни елементи за спроведување на овие иницијативи се
флексибилноста, одговорноста и можноста за прилагодување. Целта на овие
интервенции треба да биде решавање на потребите на сексуалните работници,
дури и ако тие се менуваат со тек на времето
13