Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуални работници Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуа | Page 29

стигмата, декриминализацијата и насилството кое се однесува на човековите права на сексуалните работници и покачувањата поврзани со ранливоста и ризикот од ХИВ. Зајакнувањето на заедницата вклучува работа насочена кон отстанување на декриминализацијата на сексуалните работници и елиминацијата на неправедните апликации на не-кривичните закони и регулации против сексуалните работници и признавање и почитување на сексуалната работа како легитимен занает. Инвестирањето во зајакнувањето на заедницата не само што е вистинската работа што треба да се направи, туку и има голема смисла. Женските, машките и трансродните сексуални работници не се подеднакво погодени од ХИВ вирусот. Стратегиите за превенција на ХИВ помеѓу сексуалните работници (како што е едукацијата водена од млади лица и контрола на СПИ) се поефективни и поиздржливи кога се спроведени во рамките на зајакнувањето на заедницата. Од Кенија до Украина, Бразил до Тајланд, Индија до Доминиканската Република, инвестирањето во организациите водени од заедниците на сексуални работници резултирало со подобрување на достапноста, пристапот и квалитетот на услугите, зголемување на услугите, употребата на кондоми и ангажман на сексуалните работници во националните политики и програми. Зголемувањето на сеопфатните интервенции за ХИВ базирани на зајакнување на заедницата помагаат за превенција на значителен број на нови ХИВ инфекции. Зајакнување на заедницата на сексуалните работници значи: • Сексуалните работници да доаѓаат во групи заради барање на взаемна помош • Отстранување на бариерите за целосно учествување • Зајакнување на партнерството помеѓу заедниците на сексуалните работници, владата, граѓанското општество и локалните сојузници • Решавање на колективните потреби во поддржувачка средина • Самите да ги водат процесите: сексуалните работници најдобро знаат како да ги одредат нивните приоритети • Значајно учество на сексуалните работници во сите аспекти на програмски дизајн, спроведување, ракување и евалуација • Обезбедување на пари и ресурси директно на организациите за сексуални работници, кои стануваат одговорни за одредување на приоритетите, активностите, бројот на вработени и природата и содржината на услугите. Во крајна линија, организациите водени од сексуални работници можат да станат работодавачи на доктори, медицински сестри, општествени работници, теренски работници, а не да бидат само доброволни волонтери, теренски работници7 од заедница или вработени. • Зајакнувањето на заедницата е многу повеќе од куп активности; тоа е еден пристап кој што треба да е интегриран во сите аспекти на ХИВ и здравствено програмирање. Тоа е каменот-темелник на пристапот базиран на човековите права за ХИВ, сексуална работа и како такви тие се засноваат на сите препораки и компоненти претставени во оваа алатка. Во оваа алатка, терминот “заедница на теренски работник ’’ значи сексуален работник кој ја спроведува работата на останатите сексуални работници и тој, генерално, не е вработен со полно работно време на интервенции за превенција на ХИВ (вработениот со полно работно време може и наједноставно да се нарече “теренски работник“). 7 5