Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуални работници Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуа | Page 30
1.2 Клучни елементи за зајакнување
на заедницатата
Процесот на зајакнување на заедницата, по дефиниција, е воден од страна на
сексуалните работници. Затоа е непрактично да се донесат крути,
нефлексибилни пристапи кон воведување на иницијативите за зајакнување на
заедницата. Меѓутоа, различни групи на сексуални работници околу светот
идентификувале неколку клучни елементи за ова зајакнување. (фигура 1.1). 8
Пристапот е флексибилен и приспособен кон индивидуалните потреби на
заедницата. Нема фиксен ред за тоа како елементите треба да бидат решени;
процесот може да тече од работа со заедници на сексуални теренски работници,
зајакнување и развој на колективот и формулирање на политиките за човекови
права и создавање на поволна средина за одржливо движење.
Процесот претставува темелна промена на пристапот, од тоа сексуалните
работници да се приматели на услуги до нивно самоопределување во
заедниците на сексуални работници. Зајакнувањето на заедницата гради
општествено движење каде што заедницата – сексуалните работници –
колективно ги вежбаат нивните права, признаени се како авторитетни и се
еднакви партнери во планирањето, воведувањето и следењето на
здравствените услуги.
8
6
Особено признание за некои од овие елементи е дадено на VAMP и SANGRAM од Индија