Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуални работници Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуа | Page 28

1.1 ВОВЕД

Препораките од 2012 година: Препораки базирани на докази
Понуда на пакети за интервенции за подобрување на зајакнувањето на заедницата помеѓу сексуалните работници.
Во контекст на сексуална работа и програмите за ХИВ, каде што зајакнувањето на заедницата е процес во кој сексуалните работници имаат индивидуално и колективно учество во програмите со цел да се обезбеди најефектниот одговор за ХИВ и да превземат конкретни акции за спречување на социјалните и структурните бариери за нивните основни човекови и здравствени права. 3
Интервенциите кои се пружени преку моделот на зајакнување на заедницата вклучува одржливи ангажмани на локалните сексуални работници за да ја подигнат свеста околу правата на сексуалните работници, воспоставување на безбедни места водени од заедницата, 4 формација на колективот кој одлучува кој ќе биде опсегот на услугите што ги пружаат, како и работа на терен.
Во Препораките од 2012 година 5 стои дека зајакнувањето на заедницата е неопходна компонента за интервенциите на сексуалните работници и треба да биде предводено од самите сексуални работници. Добивките се големи, нема штети и потребните ресурси се минимални. Во истражувањето за вредностите и параметрите 6 стои дека сексуалните работници мислат дека зајакнувањето на заедницата е“ апсолутно важна компонента’’ за здравствените интервенции и за подобрување на нивните услови на живеење и работа, развивајќи стратегии за интервенции за правата и здравјето и зголемување на свеста во врска со насилството на основните човечки права.
Сексуалните работници превземаат контрола над зајакнувањето на заедницата така што се мобилизираат со останатите сексуални работници и ги развиваат решенијата за сите проблеми што ги сретнуваат како група и се борат за нивните права како сексуални работници и човечки битија.
Зајакнувањето на заедницата е исто така пошироко општествено движење што го поддржува самоопределувањето на сексуалните работници. Тоа бара владините, невладините, јавните, приватните, политичките и религиозните институции и организации да ги отстранат општествените исклучувања,
3
Зборот заедница во оваа алатка во повеќе контексти се однесува на популација на сексуални работници, наместо на географска, социјална или културна група во која што тие може да бидат дел. Додека, заедница на теренски работници се однесува на теренски сексуални работници, интервенции водени од заедницата се интервенции водени од сексуалните работници и членови на заедницата се сексуалните работници.
4
Безбедно место е место каде што сексуалните работници можат да се релаксираат, да се сретнат со другите членови од заедницата и да одржуваат социјални настани, состаноци или тренинзи.
5
Превенција и третман за хив и други СПИ за сексуалните работници во земјите со ниски или спредни приходи: препораки за приспап на јавно здравје.
6
Глобални консултации спроведени со сексуалните работници од NSWP како дел од процесот на развивање на Препораките од 2012 година
4