Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуални работници Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуа | Page 231
Внатрешна-надворешна ориентација:Како што е за секоја организација е
значајно здравјето на вработените но и внатрешната структура, исто толку е
битно да го има во предвид опкружувањето и можноста за соработка како и
самите придобивки од тоа.
Базираност на издржливост:Капацитетот исто служи за создавање база на
ресурси за да може организацијата подобро да функционира во текот на своето
работење.
Едукациски фокусирана:Организацијата која повремено не се информира за
функционирањето, придобивките, општеството, технологијата... Сето тоа
придонесува за нејзино стагнирање и нестабилност.
Кутија 6.8
Улогата на зајакнување на заедницата во градењето на
капацитети
Улогата на градење на капацитетите е да се стандардизира поддршката за
сексуалните работници и понатаму да ги поттикнува овие групи да водат свои
одговорности. Ова е важно од два аспекти:
• Затоа што многу популации на сексуалните работници се миграциски и оние
кои се одговорни за интервенции не можат да останат долго во организацијата,
создавањето на организациска структура обезбедува конзистентност со текот
на времето и процесите со цел да се осигура дека клучните луѓе ќе се заменат
со компетентни работници, ако тие си заминат.
• Иако зајакнување на заедницата поддржана од страна на другите може да ги
вклучи заедниците во изработка на нивни сопствени одлуки, тие организации
се предводена од луге надвор од организацијата. Организациите предводени
од сексуалните работници не се потчинети на надворешни сили и волји, затоа
се овластувани по потреба. Имајте на ум дека не сите групи од сексуалните
работници ќе или треба да станат независни организации. Секоја заедница на
сексуалните работници си се дефинира на свој начин. Ова може да резултира
со развој на невладина, но организациите можат полесно и посоодветно да
продолжат да работат преку другите организации
6.6 Формирање на регистрирана
организација
Глава 1, Дел 1.2.3 опишува како некои од организациите за сексуалните
работници или колективи може да се формираат. Таквите организации,
најверојатно, прво биле неформални групи, кои потоа создале структури и
процеси со цел поефикасно да се спроведе агендата од заедницата.
Зависно од видот, големината и целите на организацијата, како и земјата во
која е формирањето, организацијата може да одлучи да стане легално
207