Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуални работници Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуа | Seite 230
Дел II: Градење на капацитетот на
организациите за сексуалните
работници
6.5 Вовед
Организацискиот капацитет46 опфаќа целосен пристап со цел зацврстување на
организациските планови, менаџирање и финансирање и на тој начин да може
многу полесно да ги реализира своите визии и стратегии, не само да ги
исполнува желбите на донаторите. Не само во областа на хив-случаите туку и
поопфатно, ваквиот пристап игра главна улога во ваквите организации без
разлика дали се веќе развиени, или добиени како резултат од програмите за
заштита од хив болести.
Општеството исто има долга историја при развојот на капацитетот. Претходно
целта била да им помогнат на организациите како да раководат со своите
финансии но и ги реализирале програмите финансирани од страна на
донаторот. Денес целта е да се зацврстат ваквите организации како целина
дури и кога фокусот е поставен за реализација на одреден проект. (Всушност
создавањето на капацитет поставен во целта за реализирање на некој проект е
поефективен заради тоа што дозволува примена на теоретско учење.)
Како и другите, и овие организации исто се соочуваат со многу предизвици со
цел зацврстување, долготрајност или придобивки од различни аспекти. Веќе
воспоставените организации полесно можат да ги согледаат потребите на
општеството и полесно можат да придонесат за изградбата на капацитет,
отколку новите организации на кои најчесто им е потребна поддршка. Во
суштина одредени принципи кои придонесуваат за тоа се:
Разбирање: Согледувањето на потребите на организацијата придонесува за
посистематски пристап и можноста истите да се реализираат.
Прилагодливост:Поддршката треба да биде насочена кон културните,
политичките и социјалните теми како и да одговори на основните потреби на
зацврстената организација.
Локална контрола:Оние коишто ги помагаат овие организации го разбираат
целокупниот процес и полесно ги согледуваат потребите. Но ако и самата
организација не донесува одлуки тогаш суте напори за изградување на
капацитетот водат кон неуспех.
Читливост:Начинот, нивото и големината на капацитетот исто така зависат од
тоа колку самата организација може да апсорбира и да го искористи тоа што и
е понудено.
Иако терминот “градење на капацитет” е искористен овде, “организациско развивање” има исто
значење во овој контекст
46
206