Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуални работници Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуа | Page 135

Демострацијата за правилна употреба на машки и женски кондоми од страна на поттикнувачките работници од заедницата може да ги зголеми вештините за употребата на кондоми како и самоефикасноста при употребата на кондом( таканаречено верување во нивните способности и користење на кондом во отежнати услови). Пристапите треба да ја збогатат способноста на сексуалните работници за градење на системи за поддршка во нивната заедница со цел заеднички да најдат начини за охрабрување на постојана употреба на кондоми и лубриканти. Во кутијата 4.2 се наброени стратегиите за промоција на кондом предводена од заедницата; следната страница содржи специфични пристапи кои можат да бидат земени во предвид.
Кутија 4.2
Промоциско-едукативни стратегии на кондом за сексуалните работници
• Пренесување пораки базирани на докази што ќе пројават потреба за побезбеден секс
• Градење вештини за употреба на машки и женски кондоми
• Информации за избор на безбедни, ефективни лубриканти и избегнување на небезбедни лубриканти
• Обука за подобрување на преговарачките вештини за побезбеден секс, воедно и како да се преговара употребата на кондом и стратегиите за намалување на ризикот при недостиг од кондом.
• Потенцирање на недоразбирања во врска со употребата на кондом, како што се користење на два машки кондоми наеднаш или користење на женскиот кондом по втор пат.
• Информации за како да се заштитат себеси поради нудење на голем број сексуални активности, какви што се исполнување на сексуални фантазии, фетиш секс 30 и непенетрациски сексуални активности.
• Специфични дискусии за потребите на кондоми и лубриканти при секс помеѓу мажи, анален секс помеѓу маж и жена и вагинален или анален секс помеѓу маж и трансџендер.
• Обезбедување на учење како да го намалат ризикот преку совладување на типични здравственорепродуктивни митови како на пример: туширање или миење после секс за избегнување инфекции или несакана бременост.
Употреба на кондом со приватен партнер
Иако повеќето промоциски пораки за употреба на кондом се однесуваат за сексуалните работници и нивните клиенти или повремени партнери, понекогаш програмите за промоција пројавуваат потреба да ја зголемат употребата на кондоми помеѓу сексуалните работници и нивните редовни клиенти и / или приватни партнери. Искусните поттикнувачки работници во заедницата развиле разговорни методи за успешно дискутирање за употребата на кондоми со редовните партнери без да навлезат во приватниот живот на сексуалниот работник. На пример, теренските работници од TOP во Мјанмар користат примери од нивните интимни партнерства за да приклучат во таргетираното консултирање на
30
Фетиш секс е кога настрано еротско задоволство е зададено од активност, сензација или предмет кое се издвојува од опшествената прифатеност на нормални и стандарди сексуални активности
111