Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуални работници Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуа | Page 136

сексуалните работници во врска со заштитување на нивните долгорочни врски. Всушност, дискусијата за употреба на кондоми со редовни партнери треба да биде спроведена дискретно од страна на теренските работници од заедницата со цел да се испочитува приватноста на сексуалните работници.
Женски кондоми Женскиот кондом е битна превентива за сексуалните работнички но често е поттисната во целокупната програма за кондоми. За да се промовира женскиот кондом потребни се вештини за приказ на правила употреба како и за разбирањето на предностите кај сексуалните работнички при користење на женскиот кондом, како:
• Женскиот кондом е појак од машкиот кондом и може да биде користен и при анален секс.
• Сексуалните работнички можат да го користат и во менструалниот циклус.
• Може да се користи и кога клиентот не може да оддржи ерекција.
• Клиентот е помалку вклучен при неговата употреба.
Теренските работници од заедницата треба да бидат обучени за демонстрација за правилната употреба на женскиот кондом и да им е обезбедено модел на карлица за да ги поткрепат демонстрациите. Забелешка: Женските кондоми се за една употреба и не треба да бидат користени по втор пат. Клиентите на сексуалните работници треба да се осигураат дека женскиот кондом не бил претходно користен за да се чувствуваат удобно при неговото користење.
Намалување на ризикот преку алтернативни сексуални услуги
За чување на своето здравје, сексуалните работници освен за информираноста за кондоми и лубриканти треба и да бидат запознаени различните сексуални услуги коишто можат да бидат пружани наместо пенетративен секс. Во многу случаи, сексуалните услуги кои се поинакви од пенетративниот секс го зголемуваат адоволството на клиентот а воедно го намалуваат здравствениот ризик и физичкиот удел на сексуалниот работник. Теренските работници од заедницата можат да и помогнат на сексуалните работници за да го споделат нивното искуство и знаење за сексуални услуги што го минимизираат здравствениот ризик на сексуалниот работник. Некои сексуални работници пружаат ниско-ризични алтернативни услуги кои се прикажани во Кутија 4.3. Едукацијата за намалување на ризикот при и после користењето на кондомот треба да биде внесена во сите програми наменети за сексуални работници и да содржи и информации за ризиците поврзани со непенетративните сексуални услуги коишто ќе и помогнат на сексуалните работници во одлуката кои од сексуалните услуги да ги применуваат.
112