Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуални работници Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуа | Page 134

4.2.2 Повеќеслојна промоција на машки и женски кондоми и лубриканти Стратегијата за промоција на кондоми за сексуални работници мора да биде базирана на докази. Првично за развивањето на оваа стратегија треба да биде спороведена анализа која ќе го одреди описни податоци за сексуалните работници, како податокот каде работат и други фактори кои можат да допридонесат за развивање на нивната способност за континуирано и правилно користење на кондоми со сите сексуални партнери. Стратегијата за промоција на кондоми треба да биде поткрепена со информации за промената во однесувањето на важни теории и искуства од интервенции кои го зголемиле користењето на кондом помеѓу секс работниците и нивните клиенти. Промоција на кондом предводена од заедницата Стратегијата за промоција на кондоми може да биде развиена во работни средини предводени од (или барем вклучени) сексуални работници кои ќе се состојат од поврзани подгрупи (урбани и рурални, новосоздадени и групи со претходно искуство, внатрешни28 и групи што работат на улиците како подгрупи од машки, женски и трансџендер сексуални работници. Обезбедувањето на погоден простор на сексуалните работници за да можат да се вклучат и да го предводат процесот создава реална перцепција за нивните препреки за употреба на кондом, стремење за негово тотално прифаќање и користење со нивните клиенти. Резултатот од стратегиите на општествената промоција ќе наложат обземен пристап до заедницата како што е нагласено во Глава 3. Предводена од (или консултирана) од страна на сексуалните работници, со активности и материјали со повеќе интервенции кои се подложни на промена (пример: консултирање со метод еден на еден, изведба на улоги, пресвртливи табели, постери и сведоштва евидентирани со видео) и можат да бидат развиени со цел да се изградат потребните способности и да се пренесе пораката од промоцијата за кондом. Квалитетните активност предводени од заедницата придружени со квалитетни алатки и материјали покажале врвен ефект врз успешното пренесување на пораката од зацртаните промоции на кондом и врз градењето на вештини поврзани со користењето на кондом. Стратегиите кои се подложни на промена треба да бидат креирани со цел да опфатат различни лични препреки за употребата на кондом, преку вклучување на: • Информираност за здравствените придобивки од кондомите и каде можат да ги добијат • Преговори за вештини29 на побезбеден секс • Подобрување на вештините за употреба на кондом (за машки и женски кондоми) • Соодветна употреба на безбедносни лубриканти Терминот се однесува на сексуалните работници кои работат на локации како што се нивните домови, бордели, соби за престој, барови, клубови или јавни куќи. 29 Провери во Making Sex Safe(NSWP,2011) стр. 67-68 дел за стратегиски преговори за употреба на кондом. 28 110