Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуални работници Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуа | Page 133

Програмите за дистрибуција на кондоми треба секогаш да соработуваат со секусалните работници и клиенти за да ги разберат нивните преферирања во врска со кондоми, како на пример нивната големина, боја, вкус и избор на марка. Дистрибуцијата на кондоми со симболична цена во продавници блиску до работните места на сексуалните работници како и бесплатната дистрибуција на стандардни кондоми преку теренските работници во заедницата е најчестиот успешен начин за да се осигура проширена достапност и пристап до кондоми на сексуалните работници и нивната клиентела. Според мислењето на сексуалните работници, заедно со дистрибуцијата на кондоми треба да се дистрибуираат и водни и силиконски лубриканти. Сите кондоми и лубриканти треба да ги исполнуваат условите и препораките на СЗО (види сектор 4.4 за информации за СЗО препораките за одобрување на кондоми и лубриканти). Според мислењето на сексуалните работници дистрибуцијата на лубриканти треба да се одвива во ист ритам со дистрибуцијата на кондоми, а лубрикантите да се достапни во тубички, кутии и други облици. Организациите за маркетинг стратегии ги пакуваат лубрикантите заедно со кондомите при што успешно допринесуваат за дистрибуцијата на лубриканти. Кутија 4.1 Пример за ваков случај: Заедничко пакување на кондоми и лубриканти во Лаос Во Лаос, граѓанската интернационална агенција дистрибутираше заедно спакувани кондоми и лубриканти, со наслов Number One Deluxe Plus. Овој вид на спојување беше дистрибутирано преку работници во заедницата до секс работници, мажи што имаат секс со мажи и трансџендери, индвидидуи во контакт со информативна брошура што нагласува дека овие две работи треба да се користат заедно за да се спречи ширење на болести и да се намали пукањето на кондоми. Додека дистрибуцијата на кондоми треба да биде придружена со дистрибуцијата на лубриканти, главното фокусирање треба да е на зголемувањето на употребата на кондоми, и затоа цел во дискусијата за продуктот треба да биде употребата на лубрикант во присуство на кондом. Постојат бројни и неутврдени докази дека користењето на лубрикант без присуство на кондом може да доведе до пренос на СПИ, затоа програмите треба да ги промовираат лубрикантите заедно со кондомите. Покрај кондомите и лубрикантите, сексуалните работници често користат дополнителни производи за заштита. Зависно од нивната локација и потреба, на сексуалните работници и е потребен пристап до орална маска за уста, медицински ракавици за посебни сексуални услуги, сапун и вода или препорачани произоводи за дезинфекција на секс играчки. Програми кои работат со секс работници имаат потреба од пенис модел за демонстрација за правилно користење на кондом и вагинални модели за демонстрација на женски кондоми. Програмите треба да си вметнат овие и други потреби во нивните напори за континуирано планирање и дистрибуција. 109