Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуални работници Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуа | Page 108
3.3.1 Воспоставување на безбедни места
Поставување на местото
1. Консултции и мапирање на сексуалните работници: Консултациите
обезбедуваат упатство за тоа каде да се лоцира безбедното место,
обезбедување на услугите, вработување и часови за извршување на
услугите. Услугите треба да бидат достапни кога сексуалните работници
имаат најмногу потреба од нив, на пример, кратко пред, во тек и после
работата со нивните клиенти.
2. Локација: При избор на локацијата треба да се има во предвид не само
пристапноста на сексуалните работници кон неа, туку и да биде јавно
видлива. Треба да се води грижа, полицијата или некои други натрапници
да немаат никаков пристап до безбедното место.
3. Договор за закуп и земјопоседници: Одружување на фиксна локација
на безбедното место е од голема важност за превенција на нарушувањето
на услугите. Изготвениот закуп со земјосопственикот треба јасно да даде
до знаење за времетраењето на договорот и да се разјаснат часовите и
природата на користење.
4. Инфраструктура и безбедност: Би било идеално безбедните места
да имаат најмалку две простории: една во која ќе се одржуваат состаноци
и советувања еден-на-еден, и другата за различни активности. Ако е
можно, треба да пости приватна бања со мијалник и туш кабина (Слика
3.9). Безбедното место треба да биде опремено со основна опрема за да
се справи со пожар и други итни случаи.
5. Дизајнирање на местото: Местото треба да биде и функционално и
удобно. Масите и столчињата за состаноци можат да бидат тргнати на страна
се додека нема потреба за нивно користење. Каучите или душеците
можат да ја направат собата поудобна. Ѕидовите можат да се
обојат или декорираат со цртежи направени од страна на членовите на
заедницата
Слика 3.9 Пример за план на безбедно место
84