Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуални работници Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуа | Page 107

Безбедни места

3.3 Безбедни места( дроп-ин центри)

Безбедни места

• Место каде што сексуалните работници се релаксираат, социјализираат и држат групни активности
• Главни настани за интеракција помеѓу заедницата и програмот
• Место за помагање на сексуалните работници за зајакнување на социјалните врски и да формираат смисла за заедницата
• Платформа за мобилизација на заедницата, обука и организациски иницијативи
Од почетокот на програмот,“ безбедните места“ треба да бидат воведени за да ги спојат членовите на заедницата заедно. Безбедните места се соби изнајмени од програмот и опремени се со цел да им понудат релаксација, одмор, да соберат информации и да се во интеракција едни со друи, а и со програмот.
Безбедните места се повеќе-функционални; тие исто така можат да послужат како:
• Место каде членовите од заедницата можат да дискутираат за програмите со програмските менаџери и да ги подобрат услугите
• Настан за псиохолошки услуги и поддршка, врз база на потребите на заедницата
• Место кое обезбедува информации за настани и активности важни за заедницата( не само за програмот)
• Место за дистрибуција на кондоми и лубриканти
• Место за зајакнување на заедницата со дискусии за дискриминацијата и стигмата против планирањето и давањето на одговор
• Место за теренските работници да на оценат нивната работа и планот за на терен
• Место за обучување на заедницата( на теренските работници, исто така и за останатите сексуални работници).
Безбедните места можат да бидат лоцирани блиску до некоја клиника за СПИ која соработуа со програмот или дури и во истата зграда. Постојат практични предности на ко-лоцирање на безбедните места со клиниките, како што е справување само со еден сопственик и поблиски врски помеѓу активностите и програмските услуги. Сепак, треба да се превземат мерки за да се даде сигурност дека безбедните места треба да останат посебни области од заедницата. Често е потребно да се раздели канцеларијата на спроведувачката организација од безбедното место и да се осигура дека лидерите имаат јасна одговорност за управување со активностите во безбедните места.
83