Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуални работници Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуа | Page 106

не само на терен, туку и на зајакнување на нивното лидерство погренерално (види Поглавје 1, Секција 1.2.6). Теренските работници со вештини за лидерство имаат поголема веројатност да користат критичко мислење и да превземат иницијатива за достигнување на многу поголем број на сексуални работници. Тие исто така можат да го поддржат програмот и на други важни начини: Застапување: Сигурните (во себе) теренски работници се способни да застапуваат со полицијата и со сопствениците на средините во кои работат сексуалните работници за да ги подобрат иницијативите со сексуалните работници. Сексуалните работници можат да бидат најсилни застапувачи со сопствениците на местата за правилно и постојано употребување на кондоми и други практики за безбеден сексуален однос. Теренските работници на почеток можат да имаат потешкотии и потреба од поддршка од страна на вработените во спроведувачката организација, но вработените треба да бидат многу чувствителни кон потребата за зајакнување на теренските работници како лидери на нивната заедница. Програмско следење: Со искусто и поддршка, теренските работници можат да учествуваат во следењето на програмите и нивното подобрување. Ова природно се развива од пристапот присвоен од микро-планирањето, каде теренските работници превземаат одговорност за запишување, анализа и реагирање во врска со сексуалните работници на кои им се даваат услугите. Следењето нема потреба од писменост и теренските работници кои ги собираат податоците од следењето исто така треба да бидат о