Кутија 3.7
Пример на случај: Користење на технологија во мрежата на сексуалните работници Некои организации за сексуалните работници користат мобилни телефони или интернет за да им овозможат на членовите да побараат или да понудат поддршка. Во Јужна Африка, организација за сексуални работници работи со помошна линија за ширење на информациите. Повиците кон оваа линија за помош се бесолатни за сите граѓани на државата. Корисниците на мобилни телефони можат да испратат текстуална порака и да добијат повратен повик од помошната линија. Оваа линија нуди СМС аларм кој испраќа информација до членовите од заедницата кои се пријавиле за оваа услуга. Сексуалниот работник може да пријави лош клиент( за неплаќање на услугата или малтретирање) на помошната линија, а потоа оваа информација ќе се прошири на оваа СМС мрежа.
NZPC, организација од Нов Зеланд, работи со затворена Фејсбук страна која функционира како блог и има поле за пораки на кое сексуалните работници можат да поставуваат прашања, да понудат помош едни на други и да обезбедат информации за услугите на сексуалните работници 4.
LEGALIFE, организација на сексуални работници од Украина води интернет страна 5 на која членовите поставуваат прашања за нивните права и околу активностите поврзани со организацијата. Одговорите се напишани од локален експерт за човекови права и консултат за практична психологија поврзана со организацијата LEGALIFE. Интернет страната вклучува блог и форум за членовите, а и локални и интернационални новости. Предводена е од група на сексуални работници со искуство за водење на интернет страна.
Г. Поттикнување на можности за лидерство на теренските работници
Искусните теренски работници ја подобруваат ефективноста на теренот и обезбедуваат лидерство во нивната заедница преку програмските услуги. Важно е уште од почеток програмите да присвојат пристап кој што ќе им дозволи на работниците да се развиваат во лидери. Програмите го прават ова не само со покажување на почит и благодарност до теренските работници, туку преку:
• Обезбедување на поддршка во тек на обуката, менторството, конструктивен повратен одговор и надоместок
• Нудење можности за да научат нови вештини и да ги применат во нивното веќе стекнато искуство преку програмот, така што тие и останатите сексуални работници ќе се зајакнат.
Обуката и менторството на теренските работници треба да се фокусира
4
NZPC имаат и јавна Фејсбук страна: https:// www. facebook. com / pages / New-Zealand-ProstitutesCollectiveNZPC- CHCH / 194413363949972.
5 http:// legalife. com. ua.
81