Ракување со местото
• Менаџирање: Програмот треба да обезбеди средства за местото. За да се осигура дека заедницата чувствува сопственост, сексуалните работници треба да ја имаат главната улога во донесување на одлуките во врска со местото и неговото менаџирање.
• Промоција на услугите: За да се осигура дека сексуалните работници се свесни за безбедното место и неговите услуги, треба да биде промовирано преку флаери, СМС пораки и преку социјалните мрежи.
• Правила на куќата: Треба да бидат формулирани од оние кои го користат местото, затоа што тие знаат кое однесување е прифатливо, на пример, во врска со нивото на гласност( преголема бучава им го нарушува мирот на соседите) како и со користењето на дрога или алкохол.
• Односи со соседите: Менаџерите на безбедните места, вклучувајчи ја заедницата, треб да направат планови за управување со односите со соседите и оние надвор од заедницата на сексуални работници. Некои заедници имале направено чистење на соседството со цел да се воспостават добри односи со соседите.
• Распоред: Ако програмот треба да го користи безбедното место за програмски активности што вклучуваат ограничен број на учесници( на пример, планирање на терен, обука или меѓучовечки и групни комуникациски активности), треба да се распоредат после стандардното работно време, за да не влијае врз работата на пошироката заедница на сексуални работници.
• Програмска употреба: Растењето на спроведувачките организации можеби има потреба од користење на безбедните места за други активности; треба да се направат напори за да се даде сигурност дека ваквите активности нема да се случуваат или да се оддржуваат на минимум. Безбедното место треба да остане отворено за членовите на заедницата за неформална употреба, иако е веќе во употреба од страна на програмот.
• Истрајност: Безбедните места можат да бидат финансиски истрајни кога се управувани од заедницата, на пример, ако заедницата го издава местото на програмот за ограничен период. Некои групи на заедници
85