Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуални работници Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуа | Page 101

• Пристапот до сексуалните работници кои не се идентификуваат како сексуални работници треба да биде многу дискретен, така што ќе се именува како здравствена посета за жените со ниски примања.
Години:
• Помладите сексуални работници можат да имаат грижи околу фамилијарното планирање и одржување на нивниот физички изглед, додека во исто време се грижат за зголемување на бројот на клиенти.
• Постарите сексуални работници се позагрижени за заштита на нивните деца, обезбедувајќи поддршка за ХИВ позитивни членови на фамилијата и учествување во програмското управување.
Пол:
Потребите на машките, трансродовите и женските сексуални работници можат да се поклопуваат, но и да се разликуваат во неколку аспекти:
• Машките сексуални работници можат да имаат потреба од советување и упатство за проблеми како што е сексуалната нефункционалност.
• Трансродовите сексуалните работници можат да имаат потреба за информации за ризиците поврзани со примањето на хормоните.
• Женските сексуални работнички можат да имаат потреба од поддршка поврзана со фамилијарно планирање и услуги за абортус.
Супервизија и поддршка на терен
Теренскиот супервизок има способност за обучување, мотивирање и следење на работата на 5-20 теренски работници. Улогата може да биде пополнета од теренски работници кои напредувале во оваа улога на супервизори или од некој член на NGO додека теренските работници не се доволно обучени.
Теренскиот супервизор ги надгледува теренските работници на дневна база, ја оценува нивната работа според некои компоненти како што се број на еден-наеден контакти, групни контакти, упатувања или посети како придружници, дистрибуирани кондоми и др. Овие податоци може да се внесат во компјутеризиран систем за ракување ако нема посебен службеник кој ќе работи на запишување на информациите. Супервизорот има неделни состаноци со групите на кои им служи, најчесто на безбедните места и таму дискутираат за индивидуите кои се приоритет и за било кој проблем со кој се сретнуваат работниците, а и обезбедување на неформална обука
77