Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуални работници Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуа | Page 102
Кутија 3.6
Пример на случај: Анализа на јазлите за можности
Во Карнатака, Индија, теренските работници користат едноставна алатка за
ананицирање на специфичните бариери кои ги спречуваат сексуалните работници
да имаат пристап кон програмските услуги. Отркиени се јазли во пристапот, било
тоа преку внатрешни фактори кои што програмот може да ги контролира (на
пример, работното време на теренските работници) или надворешни фактори (на
пример, голема мобилизација на сексуалните работници што резултира со
излегување од контекстот на програмот). Затоа се развиваат специфични акции за
да се надминат овие бариери.
Фигурата 3.8 претставува една анализа на јазлите за можности направена од
теренски работник одговорен за 140 мажи кои имале сексуален однос со маж во
одреден перод (Иако овие мажи не мора да се сексуални работници, и иако
oдносот на теренски работници кои работат со мажи е многу висок поради
густината на популацијата во оваа урбана област, принципот останува ист).
Теренскиот работник ја оценил неговата активност во текот на месецот со листање
на бројот на мажи кои имале сексуален однос со мажи кои што се регистрирани и
запишани, бројот на лица со кои што комуницира редовно, бројот на лицата што
посетиле некоја клиника во последните три месеци и бројот на лица што биле
тестирани за ХИВ во последниот месец. Теренскиот работник потоа ги анализира
заедно со супервизорот оние членови од заедницата кои не успеал да ги
исконтактира и причините за тоа, како и план за развивање поврзано со овие јазли.
Анализата за јазлите на можности им помага и на теренските работници и на
супервизорите да оценат дали програмот делува врз членовите со специфични
услуги. Вежбата ги открива областите на кои теренските работници треба да се
фокусираат, како и областите на кои супервизорите треба да им дадат поголема
поддршка на теренските работници.
78