Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуални работници Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуа | Page 100
со симбол (на пример, ножици) како потсетник за помош.
• Во средина на шемата осум сини квадрати го претставуваат факторот на
ризик и ранливост (на пример, квадратот горе лево е со пречкртан кондом,
што значи дека не е постојано употребуван). При дизајнирање на оваа
алатка, овие фактори се одлучени преку различни консултации со
заедницата на теренски работници околу ризикот и ранливоста во
заедницата во која што тие служат. Теренскиот работник ја користи белата
налепница за да ги обележи факторите кои не се однесуваат на еден
индивидуален сексуалниот работник.
• Кога еден сексуален работник има три или повеќе фактори на ризик или
ранливост, теренскиот работник додава виолетова налепница да означи
дека тој поединец е приоритет и треба внимателно да се следи.
• Во четирите колони (секоја за по една недела од месецот) на десната
страна од календарот, теренскиот работник користи стикери со симболи
за да ја запише пружената услуга после секој контакт.
Избор: Mukta Project, Pathfinder International, Maharashtra, India
Понатамошни разгледувања за теренска работа
Идентификација:
Форма на идентификација на теренските работници може многу да им
помогне во врска со нивната работа. На пример, идентификациска картичка
со големина на кредитна картичка одобредна од страна на јавните
службеници, како постарите полициски службеници, може да се покаже кога
ќе бидат стопирани од полиција.
Сепак, некои знаци за теренските работници, како што се маички или други
алишта кои ги откриваат дека работат на некаков програм може да ги одалечи
другите сексуални работници од нив. Препознатливите теренски работници
можат да ги стават во ризик сексуалните работници, бидејќи така ќе бидат
отркиени при секој контакт со нив.
Поставки:
• Во урбаните средини, треба да се направат консултации за програмите со
теренските работници и тие да одлучат дали извршувањето на теренската
работа на сексуалните работници треба да биде во пар, за нивна
безбедност.
• Би можело да биде тешко да се пристапи до сексуалните работници кои
работат во барови и бордели. Затоа, менаџерите и сопствениците треба
да ги охрабрат за да им дозволат на теренските работници да пристапат
до нив, најчесто треба да бидат во парови и да бидат вклучени и други
работници од програмот, ако тоа е потребно. Бидејќи овие сексуални
работници често живеат заедно и во групи, извршување на теренската
работа би била многу попродуктивна, но само ако е добродојдена (од
страна на сексуалните работници).
76