Test Drive | Page 9

Ти се има ли случено нешто непријатно? Секако, се има случено некој од новите клиенти откако ќе сфати дека се уште го немам променето полот, да се згрози или намурти. Некои дури и ќе почнат да те навредуваат. Но, се трудам сето тоа да го спречам пред воопшто да се случи.
Дали некогаш си била во опасност? Не, но некои од моите пријателки биле, и тоа ме плаши. Се уште постои стигма и дискриминација од која тешко може да се побегне.
Зошто не работиш за некоја агенција? Не ми се допаѓа тоа што заработените пари морам да ги делам. Едноставно не сакам да бидам зависна, навистина си ја сакам слободата во работата која ја работам секојдневно.
Џордан, 19, Ванкувер Колкаво искутво имаш во сексуалнта работа? Џ: Не многу, отприлика 6 месеци. Започнав ова да го работам во август. Како најмлада сексуална работничка, дали имаш некакви проблеми?
Да, неретко добивам вознемирувачки пораки. Се уште се трудам да најдам начин за да излезам на крај со ваквите непријатни случки.
Како ги проверуваш твоите клиенти? Секогаш барам од нив да ми пратат лична фотографија, потоа истата им ја праќам на своите пријатели на кои бескрајно им верувам. Барам од клиенти да ми ги пратат и линкови од нивните лични профили и доколку се посомневам дека се лажни едноставно ги одбивам. Исто така, им барам да ми исплатат однапред пред да им ја дадам услугата.
Дали работиш во посебен стан, бидејќи повеќето ја работат оваа работа подалеку од својот дом или хотел?
Бидејќи само што најдов стан за работа, имам малку повеќе приватност, но се уште ми е тешко и страв поради фактот што многу луѓе доаѓаат и си одат. Моментално одам и на училиште и морам да балансирам помеѓу двете работи. Таму ме знаат како една личност, а тука како сосема друга. Тешко е да се биде две личности во едно.
9