Test Drive | Page 10

Сексуалните работници, нивните човекови права и борбата против ХИВ во Централна и Источна Европа Сексуалните работници се насекаде околу нас: „Курвински монолози“ ја откриваат тајната на светот на сексуалните работници Ванкувер – Меги Де Врис во 1990 година има поминато добар дел од својот живот пробувајќи да ја спаси својата сестра од животот кој го живеела како сексуална работничка. Но, откако Сара исчезнала и нејзината ДНК била пронајдена во фармата на серискиот убиец Роберт Пиктон, Де Врис сфатила дека нејзината спасувачка мисија била само еден голем срам. „Не знаев ни што сè има поминато таа,“ вели Врис. „Не знам дали била уплашена. Не знам што и се случувало.“ Де Врис го открива болното патување на расчистување на случајот со нејзината сестра во текот на изминатите 18 години во новата театарска претстава „Курвински монолози“, нешто слично на реномираните „Вагинални монолози“ од феминистката Ив Енслер. Оригиналното дело на Де Врис се игра според децениските записи на дневникот на Сара. Театарската претстава се состои од вкупно 10 члена, сексуални работници и нивните сојузници. Оваа претстава е финансирана со грантови и донации и е во режија на Минди Парфит. Публиката ќе има прилика да слушне автентични приказни на сексуалните работници и да допре до скриениот свет на сексуална работа, која опфаќа широк спектар работни места, клиенти и искуства. „Луѓето ќе можат да навлезат во приватноста на Сара и мислите кои таа ги има запишано во нејзиниот дневник. Ќе можат да допрат до нејзините соништа и желби. Тоа е нешто што не може да се замисли “, рече Де Врис, кој жали што не се обидела да ја прифати и разбере својата сестра. „Ако мојот став беше поразличен, едноставно ќе можев да бидам присутна. Сега е премногу доцна за да се поврземе.” Главниот настап на Де Врис предизвикува тага и измешани емоции. Таа има за цел да ја претстави сексуалната работа во повеќе претстави низ повеќе држави. Монолозите вклучуваат повеќе членови меѓу кои и ескорти, егзотични танчари/ки и други инволвирани во секс индустријата. „Би сакала да бидам прозорец за животот на луѓето кои работат во оваа индустрија. Ние сме често претставувани во меинстрим медиумите како 10