животот е скап и повеќето кои ја работат сексуалната работа ги користат
заработените пари за да исплатат посебни простории и станови кои им се
само за работа. Не сме така неорганизирани како што мислат луѓето.
Џејнел, 25, Монтреал
Како трансродна жена, дали сметаш дека треба да преземаш
повеќе превентивни мерки отколку поголемиот дел сексуални
работници?
Џ: Чувствувам дека како трансродна жена во пред-оперативна фаза
навистина морам повеќе да внимавам. Иако на изглед сум вистинска
жена, сепак коа ќе дојде до сексот, мораш во целост да им разјасниш на
клиентите.
Што се правиш кога се подготвуваш за клиентите?
Првенствено, ставам оглас на форумите само тогаш кога морам. Имам
добар круг на клиенти со кои редовно се гледам, и најчесто мојата
интеракција со нив се одвива во четири очи. Пријателите секогаш знаат
каде сум кога работам, и никогаш не се гледам со луѓе со кои немам
изграден однос. Морам да бидам сигурна во моите клиенти и да не се
обидуваат да изведат нешто сомнително. До сега, сè било супер.
8