Грозоморната приказна ја вклучува и Долорес Бровер, 33 годишна сексуална работничка, која исчезнала во истиот месец со Отенбрет. Остатоците на Кејти Балентајн, исто така сексуална работничка, беа пронајдени подоцна во 2003-та година.
Проектот KARE е специјална иницијатива на Канадската полиција, кој започнал во 2003 година, инспириран од локалните исчезнувања и убиства на сексуалните работнички и случајот за серискиот убиец кој ги распарчува нивните мртви тела од Ванкувер, на неговата фарма. Поради овој проект, овие жени биле идентификувани, што придонело до мала утеха кај нивните семејства, иако овие случаи сеуште не биле затворени. Работата на единицата која работела на овој случај, довела до заклучок дека се работи за двајца мажи кои убивале сексуални работнички во последната декада. Инспектор од Канадската полиција, изјавува дека овие мажи, заедно со други кои можеби биле во таа околина во тоа време, ќе бидат вклучени во истрагата. Од 2003 година полицајците вклучени во проектот KARE, се среќавале со луѓе кои живеат и работат на улиците и побарале од нив, ако сакаат, да им достават дел на кој се содржи примерок од нивната ДНК за полициските податоци. Се на се, се собрале 1200 имиња, кои вклучувале и девојки на возраст од 12 години. Оваа листа, секојдневно се зголемува. Според полицијата на проектот KARE, убиствата се намалиле, но бројот на жени кои исчезнуваат останува не променет.
На само неколку блока од Шерон и Миси на улицата 118 Avenue, друга секскуална работничка, Сузан, потпрена на ѕидот од кафичот, ги набљудувала автомобилите кои поминувале и била во исчекување некој да застане. Веќе имала долгогодишно работно искуство и знаела што прави. И покрај стравот, таа нема да престане да ја работи оваа професија и не ја гледа поентата да донира дел од својата ДНК за проектот KARE.
За други, како на пример Кортни Хедер, пријавувањето во проектот KARE, била одлична одлука, иако не и овозможувало да се чувствува побезбедно.
Проектот KARE и понатаму ќе продолжи да се среќава со луѓе кои работат на улиците, и да им ја нудат својата помош во секое време.
5