Test Drive | Page 4

Сексуалните работници, нивните човекови права и борбата против ХИВ во Централна и Источна Европа

Сексуалните работнички во Канада ја нудат својата ДНК со цел нивните тела, еден ден, да бидат идентификувани

„ Се случи токму таму”, вели Шерон. Таа покажа кон средениот црковен тревник од другата страна на улицата од барот што служи како збирно место на сексуалните работнички од улицата Edmonton’ s 118 Avenue. Шерон, која е во нејзините дваесетти години, ги повлече надоле прерамките од нејзиниот фустан за да ги открие модринките на горниот и страничниот дел од раката. Исто така, беше покриена со модрици и низ целото тело. Кога тоа се случило, таа спиела на тревникот.
„ Тој го фрли ќебето врз мене, за никој да не може да ме чуе и тогаш почна агресивно да ме удира”, соопштува Шерон за VICE News.
Се сеќава дека случаен минувач се спуштил од својот велосипед и постојано ја гледал.
Пријателката на Шарон, Миси, млада девојка припадничка на белата раса, во кратко здолниште, се надоврза во врска со нејзин клиент кој одеднаш „ полудел”. Морав да скокнам од џипот кој возеше со брзина од 80 км на час. Истиот тој човек се обиде да ме собере во сребрен џип. Тој ја удри главата на мојата пријателка Џозелин. Сеуште вози тој во оваа околина”- вели таа. Жените кои работат во познатиот стриптиз клуб на Алберта, се подготвуваат најдобро што можат за вакви насилни средби, кои се случуваат постојано. Тие се обидуваат да работат во пар и повеќето носат некаков вид заштита со себе, како на пример некој остар предмет. Сепак, безбедноста не е загарантирана. Тоа го покажува фактот дека неколку жени од овој регион, се исчезнати или убиени со текот на годините.
Предходната недела, полициските службеници објавија дека ги идентификувале остатоците на Кори Отенбрет, сексуална работничка која исчезна пред повеќе од една деценија, во 2004. Тие нејзината смрт ја третираат како убиство
Отенбрет, како и повеќето од овие жени, знаеше дека нешто како ова, би можело да и се случи и на неа. Само неколку месеци по нејзиното исчезнување, 27-годишната, која работела на истата улица 118 Аvenue им даде примерок од својата коса на службениците од проектот КАRЕ, за нејзината ДНК да биде во нивниот фајл, во случај ако таа некогаш исчезне или биде пронајдена мртва.
Нејзините остатоци биле најдени блиску до тие на другите три жени, надвор од улицата Edmonton’ s 118 Avenue. Според полицијата, ова укажува дека можеби станува збор за сериски убиец.
4