Сексуалните работници, нивните човекови права и борбата против ХИВ во Централна и
Источна Европа
Како сексуалните работници ги
проверуваат и одбираат своите
клиенти
„Ова е една од ретките професии каде што не постои проблем за плати,
сами си ги одредуваме работните часови, работиме самостојно и во
суштина водиме мал бизнис. Сепак, не добиваме заслуга за тоа што го
работиме бидејќи луѓето мислат дека доколку се впуштиш во сексуалната
работа, на некој начин правиш нешто лошо“, вели Оливија Грејс,
сексуална работничка од Торонто. Во Канада продавањето сексуални
услуги е легално, меѓутоа купувањето не е, како и рекламирање на
сексуалната работа. Ваквата ситуација е лоша за самите сексуални
работници.
Повеќето кои помислуваат на сексуалните работници, обично ги
замислуваат во бордели, господарки и макроа, но реалноста е дека
повеќето од нив работат самостојно. Овие сексуални работници се
независни, можат да ги огласуваат своите услуги на интернет сајтовите
и самите си прават распоред без обврски да се придружат кон некоја
организација или пак да имаат макро. Тие самите на себе се менаџери и
си поставуваат свои правила, што значи дека мора сами да си ги бираат
клиентите.
Поради присутниот страв од губење пари или физичко малтретирање,
начинот на кој сексуалните работнички одлучуваат и ги проценуваат
клиентите е особено важен. Овие сексуални работнички споделуваат
дел од своите животни искуства и ни откриваат како ги одбираат своите
клиенти.
Нивните имиња се променети, со цел да се заштити нивниот личен
идентитет.
Лизбет Нова, 33, Торонто
Колку долго си во оваа работа?
ЛН: Речиси две години. Оваа работа ја работам самостојно.
Дали тоа што работиш самостојно за тебе е недостаток или
предност?
Секако, постои добра и лоша страна. Лично сум многу задоволна што
започнав да ја работатм сексуалната работа самостојно. Бидејќи сум
6