Sex Workers' Lifestyle Sex Workers' Lifestyle_Final (1) | Page 9

- Ниско ниво на образование. Сексуалните работници многу често се впуштаат во секс индустријата на порана возраст, пред се поради нестабилната финансиска состојба во која што се наоѓаат. Од оваа причина, многу често истите го занемаруваат своето образование или пак воопшто немаат образование. Ниското ниво на образование често се поврзува со ризично однесување кај сексуалните работници, кое исто така придонесува за недоволна информираност во однос на нивното здравје. Сепак, ниското ниво на образование на сексуалните работници може, но и не мора да влијае врз нивното однесување или пак животниот стил. - Несигурни животни и работни услови. Сексуалните работници, особено оние кои работат на отворена сцена се соочуваат со низа проблеми и потешкотии во својата работа, пред се поради тоа што работат во небезбедни услови. Недостатокот на заштита од страна на институциите резултира со појава на ризик од насилство и малтретирање од страна на клиентите и полицијата. Постојат повеќе причини поради кои сексуалните работници ја работат оваа работа: како главен извор на финансии, начин на преживување, или можност за надополување на своите приходи. Без разлика на причините, токму поради непостоењето регулиран закон за сексуалната работа во Македонија, се отежнува нивниот пристап до правните, здравствените и социјалните услуги, ги изложува на насилство, дискриминација и им го прекршува правото на работа и безбедност. - Изложеност на насилство од страна на клиентите. Сексуалните работници се постојано изложени на насилство, изнуда и зголемен ризик од СПИ, што пак доведува до немање слобода да преговараат со своите клиенти во однос на користење на кондоми. Сексуалните работн ици живеат и работат во лоши услови, а при тоа се плашат да излезат во јавноста и да се борат за своите права. Најчесто сексуалното насилство и малтретирање се случува кога клиент ќе ги премине границите во сексуалниот чин, кои пак се претходно договорени и поставени од сексуалниот работник. Откако ќе бидат одбиени, понекогаш клиентите стануваат насилни. Исто така, не ретко се случува и клиентите да не платат за услугите. - Дискриминација и стигма од страна на поширокото општество. Сексуалните работници се особено ранлива група која постојано е дискриминирана и отфрлена од општеството. Во Македонија, каде што се уште постои конзервативност, дискриминацијата е директен производ на присутната неинформираност и стигма кај поширокото општество. Сето ова доведува до сериозни повреди врз животот и здравјето на сексуалните работници. 6