Sex Workers' Lifestyle Sex Workers' Lifestyle_Final (1) | страница 8

1. Вовед
Сексуалната работа е непринудна продажба на сексуални услуги за пари или други материјални добра, помеѓу согласни возрасни лица. Сексуалната работа во Скопје се одвива на отворена и затворена сцена и опфаќа нудење ескорт услуги, сексуални услуги преку телефон, порнографија, стриптиз, еротска масажа и сексуални услуги преку интернет портали. Сексуален работник може да биде маж, жена или трансродно лице.
Сексуалната работа е многу често игнорирана и неприфатена од општеството и државните институции, што придонесува до прогон, насилство, стигма и дискриминација врз сексуалните работници. Сексуалната работа не е призната како работа, што често ги принудува сексуалните работници да работат тајно и да се кријат, да не зборуваат отворено за својата работа, ниту со семејството, ниту со партнерите, плашејќи се да не бидат откриени. Токму ваквата перцепција од страна на општеството за сексуалната работа ги става сексуалните работници во најголем ризик. Многу често сексуалните работници кои работат на отворена сцена со цел да избегнат апсење или малтретирање од страна на полицијата се принудени да работат во поизолирани области, со што се впуштаат во уште понебезбедни услови за работа, изложени на секаков вид насилство, особено од страна на клиентите. Стравот од апсење и полициска злоупотреба исто така го ограничува времето и методите кои сексуалните работници ги користат за безбедна работа со своите клиенти.
Поради фактот дека сексуалните работници во Скопје, како и на целата територија на Република Македонија се социјално исклучени, истите се соочуваат со низа проблеми кои имаат големо влијание врз нивниот животен стил. Оттука, како главни проблеми со кои сексулните работници се соочуваат секојдневно можеме да ги издвоиме следниве:
- Ограничен пристап до здравствени услуги.
Ограничениот пристап на сексуалните работници до здравствените услуги од страна на државните институции се должи пред се на несензибилизираноста на здравствените работници кон оваа маргиналзирана група. Сексуалните работници многу често се соочуват со стигма и дискриминација доколку побараат услуги од јавните здравствените установи и поради тоа најчесто се обраќаат до невладини организации и други сервис провајдери. Со ограничениот пристап и неадекватните здравствени услуги се намалува можноста сексуалните работници да бидат вклучени во здравствените програми за нивна заштита.
5