Sex Workers' Lifestyle Sex Workers' Lifestyle_Final (1) | Page 21

Љ: „За семејството, за децата. Да, значи ја сум единствена“. И: „Значи храбра мајка си?“ Љ: „Да, ја сум храбра мајка и тоа како“. Жена сексуална работничка С: „Прилично да, струја, вода, кирија, јадење, цигари, телефонски сметки, тоа е тоа. Не ми треба повеќе. Среден живот, не ми треба повеќе, не ми требаат станови и коли“. Маж сексуален работник К: „Не, единствено ако некој ми побара секс во тројка, тогаш идам со колешка и ги делиме парите“. Трансродов сексуален работник Сексуалните работници немаат загарантирана финансиска сигурност за во иднина поради фактот што никој од нив не штеди пари. Дел од испитаниците, според нивните изјави, се свесни за потребата од штедење и создавање на сигурна иднина, меѓутоа сметаат дека од сексуалната работа може да се заработи само за подмирување на секојдневните трошоци, но не преостануваат средства за штедење. Мал дел од испитаниците изјавија дека планираат да почнат да штедат во блиска иднина. Љ: „Па ќе признаам дека нема. Некако немам. Не штедам, зашто немам, не преостанува ништо“. Жена сексуална работничка Ј: „Сеа за сеа не. Но треба да почнеме сеа. Планирам нешто, се надевам ќе успее“. Жена сексуална работничка С: „Не, не штедам, секоја пара што ја земам ја трошам на јадење, пиење, облека... на сите мои потреби секојдневни. Не планирам да штедам пари“. Маж сексуален работник 18