Sex Workers' Lifestyle Sex Workers' Lifestyle_Final (1) | Page 22

5.3. Однос и работа со клиенти
Со развојот на технологијата, сексуалните работници кои работат на затворена сцена( апартмани, хотели, мотели) се повеќе ги користат интернет порталите, социјалните мрежи, јавните огласи и различните апликации за запознавање со цел да ги промовираат своите сексуални услуги. Сексуалните работници кои работат на отворена сцена ги нудат своите услуги на улица, односно на т. н. „ крузинг места”, кои им се добро познати на клиентите. Многу често сексуалните работници ги наѓаат своите клиенти по препорака од други колеги / колешки.
А: „ Па клиентите најчесто ги наоѓам преку огласи, имам клиенти што ми се јавуваат по препорака од други клиенти што веќе биле кај мене, преку апликации што се за запознавање и поретко кога одам, кога сум надвор од Македонија тоа го правам во сауни или по крузинг места како што е тука, како што започнав да работам“. Маж сексуален работник
Л: „ Моите клиенти ги наоѓам по огласи, пуштам огласи за лични контакти, и ги наоѓам таму. Претходно сум наоѓала по улици, по социјални мрежи, но години наназад само по огласи“. Трансродов сексуален работник
Ј: „ На оглас, преку луѓе, преку пријателки, сексуални работнички“. Жена сексуална работничка
Физичката привлечност кај клиентите е пресудна за уживањето и задоволството кај сексуалните работници додека даваат сексуални услуги. Голем дел од сексуалните работници изјавиле дека уживаат само со клиенти кои им се привлечни, додека пак во другите случаи, сексуалните работници го сметаат давањето услуги како работна рутина во која не внесуваат чувства и емоции.
С: „ Не мора да значи набрзина да го завршиш. Има разни, ќе се појават некои нови фаци и некој ќе ти каже имам потреба, најчесто такви ми се јавуваат, за прв пат да пробам со машко. И имаат потреба да бидат со машко, да се опуштат тотално. Со тоа што јас сум и масер и почнувам прво да ги релаксирам. Со самото тоа, они почнуваат да се опуштаат. Јас сум тој што треба да ги опуштам целосно, да го придобијам, за да дојде пак. Имало разни случаи, според мое лични искуство, со тие со кои сум бил за првпат, стварно на некои сум им помогнал да сфатат дека се дел од геј светот, без разлика дали се со статус во брак, или слободни. Знаат да кажат „ еј абе супер си“, да ме пофалат, ама да им помогнам со тоа што ќе спијат со мене саат или два, да знаат да уживаат и да ми кажат сакам да водам љубов. Но јас само можам површински да водам љубов со нив“. Маж сексуален работник
19