Љ: „ Врз основа на побарувачката, услугата. Лично јас, еве на пример, нели сето тоа е договор, има некои луѓе кои имаат пари, господа некои за 3000 не прави проблем воопшто. Зависи од тоа колку е спремен да плати. Зависи од услугата и од луѓето. По мое одредувам, лично мислам дека таа цена е за таа услуга“. Жена сексуална работничка
Еден дел од сексуалните работници смета дека постои конкуренција помеѓу нив, која се заснова пред се на физичкиот изглед, временскиот период на вклученост во сексуалната работа, хигиената и квалитетот на услуги. Од друга страна, други сметаат дека не постои конкуренција помеѓу сексуалните работници и дека се зависи од услугите кои тие ги даваат или пак се бараат од страна на клиентите.
С: „ Постои, Боже мој. Али пак ќе кажам, клиентот е тој што го бира сексуалниот работник. Стилот на облакање, однесувањето е многу битно. Имам 300 колеги и колешки, но има луѓе кои сакаат со мене да работат, кои ги задоволувам и ми идат стално. Ја не гледам реално конкуренција, затоа што некој бил подобар од мене. Јас си ги знам моите способности и квалитети за да бидам самоуверен, сигурен и професионален. Постојат многу причини, за мене битно е клиентот да биде задоволен. Потоа мислам дека е улагање во самиот изглед, хигиената, добар однос, љубезност, харизма да ги привлечеш и задржиш. Не е само сексот, има и комуникација. Проблемот е тоа што ние се фалиме, но они треба да не фалат. Каде се задоволни таму идат“. Маж сексуален работник
Ј: „ Не баш. Не верувам дека постои, затоа што клиентите сакаат различно. Еднаш ќе дојде кај мене, другпат ќе отиде кај друга и секогаш ги менуваат. Значи не може да има конкуренција во таа работа“. Жена сексуална работничка
Л: „ Сметам дека постои конкуренција и покрај тоа што клиентите сакаат постојано ново месо. Многу е важно како работиш, хигиената, односот со клиентот за да имаш работа“. Трансродов сексуален работник
Заработувачката од сексуалната работа ги задоволува потребите на сексуалните работници, дури и во случаи кога сексуалниот работник е единственото лице во семејството кое што заработува. Најголемиот дел од испитаниците заработувачката ја трошат на секојдневните потреби за живеење, односно подмирување на трошоци за престој, режиски трошоци, храна и облека. Останатиот дел, покрај споменатите трошоци, заработувачката ја трошат на едукација за своите деца. Заработувачката не ја делат со своите партнери, ниту макроа, единствено само со семејството или доколку се работи за заеднички професионален ангажман, со колеги / колешки.
17