С: „ По 5-6 саати стандардно. Тоа е моето работно време“. Маж сексуален работник
Сексуалните работници кога работат се облекуваат поинаку, т. е носат подвезици, секси долна облека, високи потпетици и се шминкаат, со цел да им бидат привлечни на клиентите. Ваквиот стил на облекување им помага на сексуалните работници да ги задржат клиентите, истовремено да им оставаат позитивен впечаток. Во спротивно нивниот стил на облекување е вообичаен, т. е наликува како и сите останати; „ кежуал” или спортски.
С: „ Зависи од желбата на клиентот. Знаат дека си геј машко, но имаат потреба од кросдресер. Имам долна гардероба, пазам на хигиена, работам со перика, знаат дека си машко, но исполнуваш желба што ги асоцира на жена. Во зависност од желбата на клиентот, така се подготвувам“. Маж сексуален работник
Љ: „ Значи обично си одам, облеката за на работа ми е друга. Ако работам како сексуален работник, сум поатрактивна, разголена, штиклица, шминка, се тоа. Постои разлика. На работа кога одам, облеката ми е поедноставна. А веќе коа одам на сексуалната работа, веќе тука постои друга облека“. Жена сексуална работничка
Е: „ Најсекси што можам, се облекувам најсекси за да ги привлечам клеинтите“. И: Што опфаќа тоа?“ Е: „ Секси долен веш, чорапи, танги, повеќе ги пали, и така се облекувам“. Трансродов сексуален работник
Цените за услугите во сексуалната работа се одредуваат во зависност од ангажираноста во работата, од местото каде што се даваат сексуалните услуги, финансискиот стандард на граѓаните, сезоната, како и цените кои ги нудат конкурентните сексуални работници. Сексуалните работници имаат прифатено унифицирани цени, а тоа се должи на меѓусебната комуникација и консултација, но и на работните услови на кои што треба да се прилагодат. Во одредени ситуации, сексуалните работници ги прилагодуваат цените според моменталните трошоци и потреби.
Л: „ Гледаш како се движат цените во државата, во околината, па според тоа си ја одредуваш цената и доаѓаш до некоја твоја реална цена“. Трансродов сексуален работник
Ј: „ Зависи како ќе се договорам со клиентот. Си ја кажувам стандардната цена, ако им одговара си доаѓаат, ако не им одговара гледам да направам компромис“. И: „ Врз основа на што ја имаш изградено твојата стандардна цена?“ Ј: „ Врз тоа како и сите други што ја земаат“. И: „ За останатите сексуални работници мислиш?“ Ј: „ Да“. Маж сексуален работник
16