Sex Workers' Lifestyle Sex Workers' Lifestyle_Final (1) | Page 18

Љ: „Па не. Еве што работам хонорарно“. И: „Што работиш хонорарно?“ Љ: „Работам во организацијата СТАР-СТАР, на инфолинијата и теренски работник сум. Активистка и сексуален работник“. Жена сексуална работничка Ј: „Не. Работам во кафичи и плус работам сексуална работа“. Жена сексуална работничка Според описите на работното време кои сексуалните работници ги дадоа во своите интервјуа, може да се заклучи дека тие го планираат своето време за работа, во зависност од многу фактори, како што се: потребата од финансии, секојдневните обврски, клиентите, слободното време и сл. Ј: „Напорно. Со сексуалната работа не работам јас којзнае колку. Значи ако ми се јави во текот на денот еден, си одам си работам и толку ми е. Не сум да речеме премногу како некои други да седам во стан цел ден и да мислам само на таа работа и ништо друго. Таа работа што си ја работам во кафичот колку толку ми е егзистенција. Ова ми е надокнадна егзистенција за покривање на некои основни трошоци што ги имам“. Жена сексуална работничка Л: „Почнувам да се замарам со телефонот, закажувам клиенти, ако дојде некој во текот на денот, најчесто закажувам клиенти во растојание од по еден час, бидејќи нудам дискреција загарантирано за нив и за самата себе. Закажувам, доаѓа, го сработувам, си оди“. Трансродов сексуален работник С: „Секој ден не е ист. Можам да одлучам да спијам до 5-6, па да пуштам еден оглас, да имам двајца клиенти. Можам да имам и пет клиенти кои сакаат само масажа. Зависи од клиентите, зависи од тоа како сум јас расположен. Зависи и од тоа какви обврски имам. Обично почнувам со кафе од сабајле, ако има клиент го сработувам. Најчесто после 3-4 часот ги правам тие средби“. Маж сексуален работник Во однос на работните часови, дел од сексуалните работници изјавиле дека одвојуваат 4 часа во текот на денот за работа, а дел од нив издвојуваат и повеќе време за работа. Сите испитаници изјавија дека немаат конкретно работно време, туку се адаптираат според потребите на клиентите: Л: „Порано бев по 12 саати ангажирана, сега сум по потреба. Сега работам кога ми требаат брзи пари, кога ми требаат пари во моментот, тогаш работам, бидејќи работам и друга работа“. Трансродов сексуален работник С: „Значи јас од кај 12 до 5 работам преку ден“. Жена сексуална работничка 15