Sex Workers' Lifestyle Sex Workers' Lifestyle_Final (1) | Page 17
С: „Па да, имам, постои, нормално секој жив човек има стален партнер со
кој може целосно да се опушти и исполни, после работен напорен ден, но
пак ќе кажам, тогаш гледам да одвојам ден два да му се посветам целосно,
исклучувам телефон и тоа е тоа. Кога го нема тоа, го работам тоа“. Маж
сексуален работник
И: „За тебе?“ Љ: „Не“. И: „Со твоето семејство?“ Љ: „Исто не“. И: „Со твоите
пријатели?“ Љ: „Со пријателите да. Отворено зборуваме за оваа работа,
бидејќи тие ми се пријатели“. Жена сексуална работничка
Л: „Со семејството не, со пријателите да. Бидејќи со семејството не можеш
да разговараш на таа тема, затоа што нема да те прифатат, ќе те
оттргнат. Со пријателите најчесто го правам тој муабет, затоа што ме
поддржуваат“. Трансродов сексуален работник
Само два испитаника изјавија дека нивните пријатели можат да им влијаат
на нивните одлуки поврзани со работата:
Ј: „Па може, многу нормално. Тие ги гледаат негативните страни на
работата, така да нормално си разочаран, но пак си ја знаеш работата“.
Жена сексуална работничка
Останатите испатаници изјавија дека никој не може да влијае на одлуките
поврзани со нивната работа:
Л: „Па не можам да кажам дека можат да влијаат, бидејќи одлуките си ги
носам сама“. Трансродов сексуален работник
С: „Не никако, тоа зависи од мојата глава, тоа за виси од самиот јас и никој
не може да да влијае во ниеден случај“. Маж сексуален работник
С: „Да ми пречат мислиш? Не можат. Тоа што ќе си одлучам, тоа“.
Жена сексуална работничка
Од вкупниот број испитаници, 60% егзистираат само од сексуалната работа, а
останатиот процент се сексуални работници кои се вклучени во здруженија
на граѓани или услужни дејности:
Л: „Не ми е единствена работа за егзистенција. Работам во невладин
сектор, во Здружение за поддршка на маргинализирани работници СТАР-
СТАР и сум асистентка, координаторка на програмата за здравје“.
Трансродов сексуален работник
14