Sex Workers' Lifestyle Sex Workers' Lifestyle_Final (1) | Page 16

Љ: „ Па ако имам добро, да работам нешто и ако ме плаќаат добро, нема да работам веќе, затоа што тоа веќе ми е банално да го работам. Со еден, со два да се знаеш ОК, со секакви се гледаш“. Жена сексуална работничка
Занимавањето со сексуалната работа има големо влијание врз љубовниот и интимниот живот на сексуалните работници. Сексуалните работници особено имаат проблем со своите партнери кои не ги поддржуваат во тоа што го работат.
С: „ Има, да, мада гледам да се справам и да не ги ставам во исти пакет. Љубов си е љубов, професија си е професија. Така да гледам да ги раздвојувам тие две страни. Тоа се две различни работи, иако не можам да си дозволам јас да имам љубов. Таа работа не бара љубов, бара професионално однесување. И тоа ти е цело време механички однос помеѓу самиот клиент и самиот ти. Боже мој, си треба љубовен живот, луѓе сме. Но, се трудам да не ги мешам овие работи. Љубов си е љубов, пари си се пари. Се трудам да ги издвојам“. И: „ Тоа значи дека не сакаш да ги мешаш емоциите со твојот професионален живот?“ С: „ Боже мој, кога се работи се заклучуваат емоции и тоа е тоа“. Маж сексуален работник
Л: „ Има, како нема. Ете на пример имам партнер кој не ја разбира мојата работа, кој не ја сфаќа мојата работа, кој не ме поддржува целосно во тоа што го правам. И треба 50 илјади години да му објасниш на него дека тоа е работа како и секоја друга“. Трансродов сексуален работник
Љ: „ Да“. И: „ Како има влијание, можеш ли да ни објасниш како?“ Љ: „ Па има, еве прибидејќи еве како млада една особа, немаш време за љубов, немаш време едноставно од работа па на работа, гледаш да спечалиш некоја пара. Влијае и те како влијае“. Жена сексуална работничка
Најголем дел од испитаниците опфатени во ова истражување изјавија дека отворено разговараат за работата само со нивните пријатели. Од нив, само два испитаника изјавија дека отворено разговараат и со семејството и партнерот:
С: „ Да, и немам никаков проблем, и среќен сум што ме поддржуваат, затоа што го сакам, што имам желба да го правам. Знаат понекогаш да ми дадат совет, чувај се, има опасни типови клиенти кои што можат да дојдат и да завршиш на клиника, да завршиш со полиција, не знам, ред други работи, ама Боже мој, јас сум доста професионален, знам како да се справам. Фала Богу до сега не сум имал некои инциденти, да сносам некои страшни последици“. И: „ Дали имаш постојан сексуален партнер, кога збориме за сексуален партнер, мислиме на партнер со кој имаш изградено емотивна врска, но и сексуална врска?“
13