Sex Workers' Lifestyle Sex Workers' Lifestyle_Final (1) | Page 15

вработен редовно. Од друга страна доколку не внимаваш си изложен на ризик за инфекции, тоа се тие лоши страни, нели и односот, комуникацијата со секакви клиенти“. Маж сексуален работник Најголемиот дел од сексуалните работници вклучени во ова истражување работат во приватни апартмани и хотели, додека помал дел од испитаниците ги наведоа крузинг местата(места каде што има движење на МСМ популацијата) каде што даваат сексуални услуги. Сите испитаници наведоа дека работат самостојно. Од нив само два испитаника наведоа дека имале соработка со лица за посредување на сексуални услуги или пак меѓусебно препраќање на клиенти. Сите сексуални работници кои беа интервјуирани, на прашањето: „Дали ја сакате работата?“ одговорија потврдно, а дел од нив и образложија: Л: „Да не сум ја сакала, немало да ја работам“. Трансродов сексуален работник Ј: „Нормално дека ја сакам. Да не ја сакав немаше да ја работам“. Жена сексуална работничка А: „Да, ја сакам мојата работа, затоа што добро заработувам и им помагам на луѓето на еден начин“. Маж сексуален работник Во однос на промена на професијата, половина од испитаниците изјавија дека би престанале да работат како сексуални работници доколку им се отвори можност, наведувајќи ги следниве причини: чувство на презаситеност од работата, замор и неизвесност за иднината. Другиот дел од испитаниците изјавија дека никогаш не би ја промениле својата професија, дури и тогаш кога би работеле и друга, дополнителна работа. С: „Па повеќе пари, но не значи тоа дека ќе се откажам од сексуалната работа. Боже мој. Пет дена во неделата да ги работам со таа нова некоја професија која ја избирам ја и сум повеќе платен, сабота и недела би работел во хотел или кај мене дома сексуална работа. Не би ја запоставил таа работа“. Маж сексуален работник К: „Па не викам дека цел живот ќе се занимавм со оваа работа. Па јас мислам дека до 40 години ќе работам, затоа што до тогаш си млада, убаво изгледаш, сите те сакаат. После си постар, се си има рок на траење“. Трансродов сексуален работник 12