Sex Workers' Lifestyle Sex Workers' Lifestyle_Final (1) | Página 14

Покрај основната причина, издвоени се и други причини:
М: „ Прва можност ми беше еден дечко и видов дека јас немам друга работа освен сексуалната работа да ја работам. Нема друга работа за нас тука во Скопје, не даваат друга работа. Значи не можеш да работиш слободно, што значи мораш да работиш како сексуален работник“. Трансродов сексуален работник
А: „ Финансиите ми беа прва причина за да почнам да се занимавам со ова што и денеска го работам, но и односот што го имав од претходните сексуални партнери“. Маж сексуален работник
Земајќи го предвид личното искуство, сексуалните работници ги наведоа финансиската сигурност, брзата заработувачка и слободата во работењето како позитивни страни на својата професија.
М: „ Сексуалната работа е поразлична од другите професии, од една страна има уживање кога се даваат сексуални услуги, има слобода во работата, има добра заработка и секако има избор дали сакаш да работиш или не сакаш да работиш, за разлика од другите професии“. Маж сексуален работник
К: „ Па затоа што имам пари да живеам сам, зашто дома ако живееш со твоите не можеш да носиш дечко, дали од љубов, дали за пари, не можеш да го носиш. Да имаш малку повеќе луксуз, затоа се занимавам со сексуалната работа. Имам тоа што сакам, имам алишта, шетање, јадење. Правам што сакам“. Трансродов сексуален работник
Ј: „ Предноста се парите. Тоа е брза пара, заработуваш значи“. Жена сексуална работничка
Во однос на негативните страни на сексуалната работа, најголемиот дел од испитаниците го истакнаа насилството од страна на клиентите, несигурноста за иднината и неможноста за регулирање на нивната професија:
С: „ Плашејќи се, незнаеш кој клиент ќе ти дојде, каков клиент, оти има разни луѓе, па се плашиш некој да не е насилник. Тоа се негативните страни во глобала“. Жена сексуална работничка
Е: „ Прво со секакви луѓе се занимаваш. Има луѓе кои разбираат дека си транс, некои не. Има клиенти кои ти се закануваат. Тоа е лошо. Ризично е да работиш како сексуален работник“. Трансродов сексуален работник
А: „ Како и секоја работа си има негативни страни, стресовите кои што ги добивам кога работам, несигурноста за иднината, затоа што неможеш, немаш сигурна иднина како другите професии што можеш да си бидеш
11