Sex Workers' Lifestyle Sex Workers' Lifestyle_Final (1) | Page 13
Најголем дел од сексуалните работници се невработени, односно 70%, дел
од испитаниците работат непријавени, односно 20 %, а само еден испитаник
е редовно вработен - 10% (види Анекс 2).
Во однос на брачниот статус 70% се сами, потоа следуваат поединечни
случаи, односно еден испитаник во брак, еден испитаник во партнерство и
еден испитаник е вдовица (види Анекс 2).
Од вкупниот број сексуални работници кои беа испитани, 60% живеат сами,
20 % живеат со семејство, а останатите 20% живеат со родинини.
Само еден од сексуалните работници има повеќе од 3 деца, 20% од
испитаниците имаат 1 или 2 деца, а останатиот дел, односно 70%, немаат
деца.
Најголем дел од сексуалните работници имаат здравствено осигурување,
односно 70%, но постојат и сексуални работници кои сеуште го немаат
регулирано истото, односно 30% од вкупниот број.
5.2. Животен стил
Најголем дел од сексуалните работници имаат започнато со сексуалната
работа од 16-та до 18-та година, а постојат и поединечни случаи кои
започнале да се занимаваат во 12-та година и во 36-та година од нивниот
живот.
Сите сексуални работници кои беа опфатени со ова истражувањето изјавија
дека доброволно и самостојно се вклучиле во сексуалната работа. Во
поединечен случај е наведно дека:
Л: „На почетокот несвесно нудев сексуални услуги, за материјални добра,
за пари, за замена за нешто друго; тоа било несвесно, но од 19 години, сето
тоа било свесно и сум си го прифатила такво какво што е“.
Трансродов сексуален работник
Постојат различни причини поради кои сексуалните работници започнуваат
да се занимаваат со сексуалната работа. Сепак, недостатокот на финансии
е една од поглавните причини наведена од страна на поголемиот дел од
испитаниците.
Љ: „Беспарицата. Финансиски. Немавме од нигде приходи и преостануваше
да се бавам со сексуалната работа. За брза пара можам да кажам. Имав
само едно дете, и знаете како е со дете, памперси, млеко и немавме од каде и
од тука почнува мојата приказна како сексуален работник“.
Жена сексуална работничка
10