Sex Workers' Lifestyle Sex Workers' Lifestyle_Final (1) | Page 12

  5. Резултати Ова поглавје од публикацијата ги содржи наодите од истражувањето. Презентирани се резултати поврзани со демографската структура на истражувачкиот примерок, а потоа во засебни поднаслови е обработен животниот стил на сексуалните работници, односно започнувањето и занимавањето со сексуалната работа, односот со клиентите, психичкото и физичкото здравје, последиците од работата во однос на здравјето и грижата за здравствената состојба. 5.1. Демографски податоци Во истражувањето беа испитани вкупно десет сексуални работници, а беа опфатени женски, машки и трансродови сексуални работници од отворената и затворената сцена на територијата на град Скопје. Пол Женски Машки Број 4 6 % 40 60 Род Женски Машки Трансродно Број 4 2 4 % 40 20 40 Во однос на возрасната структура, 30% од сексуалните работници вклучени во ова истражување се од 18 до 24 годишна возраст или помеѓу 30 и 36 годишна возраст (види Анекс 1). Најголем процент од сексуалните работници, односно 60% се од Македонска националност, потоа следуваат испитаници од Бошњачка националност 20%, а останатите се поединечни случаи, односно од Ромска и Албанска националност (види Анекс 1). Вкупно 50% од сексуалните работници се со православна вероисповед, а 40% од испитаниците се со исламска вероисповед . Еден испитаник се изјасни како атеист (види Анекс 1). Најголем дел од сексуалните работници се со завршено средно образование, односно 60%, останатите испитаници се со незавршено средно образование - 20%, како и поединечни случаи, односно еден испитаник без образование и еден испитаник со незавршено високо образование (види Анекс 1). Вкупно 80 % се со место на живеење во Скопје, само два испитаника се со место на живеење во Струмица – 20%, но со работен ангажман во Скопје. 9