Sex Workers' Lifestyle Sex Workers' Lifestyle_Final (1) | 页面 11

3. Прибирање и анализа на податоците
При ова истражување се користеше метод на интервју со претходно издефинирани полуструктуирани прашалници со отворени и затворени прашања. Прашањата беа структуирани на едноставен и јасен начин и приспособени на јазикот на испитаниците, со цел полесно да ги разберат. Прашалниците беа категоризирани во 4 сегменти:
- Демографски податоци;- Животен стил;- Однос и работа со клиенти;- Лично здравје.
Интервјуата со сексуалните работници беа спроведени од страна на двајца обучени лица, односно интервјуери кои се активно вклучени во активностите на СТАР-СТАР и имаат искуство во комуникација со сексуалните работници на теми поврзани со секојдневието на сексуалната работа, односот на клиентите, здравјето и грижата за здравствената состојба.
За целите на анализата беше направена дескриптивна обработка на демографските податоци, како и на одговорите на прашањата од прашалникот. Прашањата ги опфаќаа следниве теми: причини за започнување со сексуалната работа, позитивни и негативни страни на сексуалната работа и лични искуства, начинот на работа, односот и работата со клиентите, нивната иднина, секојдневието, моментално психичко и физичко здравје, влијанието на работата врз нивното психичко и физичко здравје и грижата за нивната здравствена состојба.
Истражувањето се спроведе во периодот помеѓу октомври и ноември 2017 година во Скопје, на отворена и затворена сцена. Интервјуата завршија навремено и беа снимени со мал дигитален рекордер, а потоа беа доследно транскрибирани. Сите учесници дадоа согласност за нивно вклучување во истражувањето.
4. Истражувачки тим
Во спроведувањето и изготвувањето на ова истражување учествуваа:- Борче Божинов- координатор на истражувањето;- Глигор Чанов- истражувач, квантитативна и квалитативна обработка на податоци;
- Ивана Ацевска- истражувач, транскрипција на интервјуа. 8