место под сонцето. Затоа, оставете нè да го правиме тоа што најдобро го знаеме. Кармен, Ванкувер Јас сум Кармен, во моментов работам како сексуален работник во мојот дом во Ванкувер. Среќна сум што имам постојани клиент. Иако мојата работа не е погодена директно со донесувањето на новите закони, сепак тие имаат негативно влијание врз мојата безбедност и благосостојба.
Во секс индустријата сум веќе 6 години, прво започнав како ескорт девојка во една агенција, потоа почнав да наоѓам клиенти самостојно, надвор од агенцијата. Успеав да заштедам солидна сума пари, а со тоа си ја вратив и контролата врз мојот живот. Започнав со обука за терапевтска масажа и Тибетска тантра. Скоро две години работев како ескорт придружничка и давав инструкции за сексуална Тантра и масажа.
Со новите законски ограничувања во рекламирањето кои стапија на сила од 2014 година, се сменија и многу работи во однос на огласувањето на моите услуги. Повеќе не користам одредени зборови и фрази и најчесто истите се кодирани со цел да ги разберат само моите клиенти. Ова негативно влијае на закажувањето на средбите со клиентите, едноставно не можам да им експлицитно да објаснам што нудам, а што не, и кои се моите граници.
Новодонесените закони влијаат негативно и врз моите клиенти- тие стравуваат да ги дадат своите лични информации, што пак уште повеќе ја отежнува нашата средба. Мојата безбедност со секој потенцијален клиент сега се потпира само на мојата интуиција. Исто така, често ги разгледувам страните на кои други девојки објавуваат информации за потенцијални насилни или проблематични клиенти.
Досега во мојата кариера не сум имала проблем со законите. Се надевам дека тоа се должи на привилегијата што ја имам да работам од дома и тоа што сум дискретна во односите со моите клиенти. Сепак, не би се осудила да пријавам потенцијално насилство во полиција, ниту пак можам да сметам на заштита од судовите доколку се прекршат моите работни права. Една од моите желби е да основам своја ескорт агенција, каде што дел од даноците би оделе за здравствено и пензиско осигурување. Верувам дека ова е одлична бизнис идеја, како и прекрасен начин за да се подигнат правата на сексуалните работници во Канада. Меѓутоа, примањето на дел од финансиите од услугите кои ги нудат други сексуални работници се смета
9