сточна
Сексуалните работници, нивните човекови права и борбата против ХИВ во Централна и Европа
Какви мерки преземаат сексуалните работници за заштита од насилство и како ја избегнуваат полицијата?
Спроведувањето на законите против проституцијата варира во повеќе држави и градови, со тоа што во некои места постои непријателска клима за сексуалните работници, додека пак други им ја овозможуваат потребната поддршка. Сепак, насекаде односите со полицијата се нарушени и истите влијаат негативно врз сексуалната работа, кои при тоа одбиваат да пријават насилство и злоупотреба.
Во Канада, сексуалните работници веќе со години се соочуваат со строги закони, кои пред се им ги влошуваат условите во кои работат и живеат, и истите се изложени на поголем ризик од насилство. Новите закони ги забрануваат купувачите на сексуални услуги( клиентите), оние што нудат сексуални услуги на јавни места( на пример, весници, веб-сајт), како и оние кои имаат материјална корист од сексуалната работа( на пример, возачи, рецепционери, сопственици на ескорт агенции).
Клаудија, Монтреал Јас сум Клаудија, работам како трансродов сексуален работник од мои 13 години, а веќе 32 години сум во овој бизнис. Работам на улица и нудам услуги преку Интернет.
Откако се спроведоа новите закони, станав подискретна во мојата работа. Сега ги нудам моите услуги преку телефон и се чувствувам најслободна на улица. Знам со кого можам да ја работам оваа работа, при тоа избегнувајќи ги парковите и училиштата. После долги години работа на улица, знам со кого треба да разговарам. Цената за услугите кои ги нудам не ја кажувам по телефон, за тоа разговарам откако ќе се случи средбата.
Скоро никогаш и со никого не споделувам за тоа што работам. За услугите пак кои ги објавувам на интернет, никогаш не ставам цена и истите ги прикажувам како услуги за релаксација, не го користам зборот масажа, како и ниту едентермин поврзан со сексот кој би можел да ме издаде. Во спротивно, би ја загубила работата и што е пострашно мојот дом.
Многу ретко зборувам со полицијата и се трудам да ги избегнувам во секој поглед. Тие се секогаш присутни и постојано не набљудуваат, но знаат дека долго време работиме на улица и не остават на мир. Но, не сите ја имаат таа привилегија, повеќето се малтретирани, како што е случајот со мојата сестра, која е сексуален работник и корисник на дрога.
Полицијата во Монтреал најчесто ги казнува луѓето кои работат на улиците, како што се сексуалните работници и бездомниците. Неодамна, бев казнета за стоење во јавен парк. Кога сум на улица, зборувам отворено за моите услуги, иако знам дека многу ризикувам. Но, кога имам потреба од полицијата и се јавувам, без двоумење, бидејќи имам право тоа да го сторам покрај сè. Се случува да наидеш на непријатен полициски службеник, кој воопшто не те почитува, но таквите ги има насекаде околу нас. Затоа, не дозволувам тоа да ме спречи во мојата намера.
Барам од носителите на законите и владата да ги остават на мир моите клиенти и да ги бараат вистинските криминалци. Ве молам да ги промените овие смешни закони. Ако сакате да се запре трговијата со луѓе и вистинската експлоатација, тогаш престанете да ја мешате експлотацијата со нас, сексуалните работници кои работат да си ги задоволат своите потреби. Сексуалната работа не е криминал и тоа треба да го сфатите еднаш засекогаш.
И без оглед на тоа кои сме, без оглед на тоа што работиме, секој од нас го заслужува своето
8