S-Work S-Work | Page 10

за кривично дело, а тоа би ми предизвикало дополнителни проблеми со законот. Сметам дека со декриминализација на сексуалната работа ќе се обезбеди потребната заштита на сексуалните работници и ќе се спречи нивното експлоатирање од страна на бескрупулозните менаџери и луѓе кои ја злоупотребуваат сексуалната работа. Со декриминализацијата ќе се овозможат подобри работни услови за сексуалните работници.
Аманда, Викторија – Британска Колумбија Работам самостојно како ескорт девојка во мојот апартман. Со новите закони во Канада донесени од 2014 година купувањето на сексуална услуга се смета за кривично дело и тоа негативно влијае на мојата работа.
Имам своја веб-страна каде што ги нудам своите услуги. Со клиентите стапувам во контакт преку електронска пошта или телефон. При изборот на клиенти во однос на мојата заштитита и безбедност, се потпирам на својата интуиција, како и на онлајн коментарите од други сексуални работници кои имале претходно искуство со насилни или непријатни клиенти.
За жал, се додека мојата работа останува криминализирана, јас нема да и верувам на полицијата. Никогаш не би пријавила во полиција доколку би имала некаков проблем. Во 2011 година, добивав заканувачки пораки на мојата емаил адреса, го пријавив случајот во полиција, а од таму го добив следното како одговор: „ Тоа е дел од вашата работа. Што очекувате, Вие самите сте виновни што се доведувате во ваква ситуација?”
Јас не мислам дека полицијата би ми помогнала или заштитила, без оглед на тоа каквите се законите. Но, со или без поддршка на полицијата, сметам дека сексуалната работа треба да се декриминализира, со што би се чувствувала посигурна во мојата работа.
Јас ќе продолжам да ја работам сексуалната работа без разлика на сè. Тоа е она што најдобро знам да го правам и ми се допаѓа. Пред да започнам да работам како сексуален работник, сменив неколку различни работни места, бев личен тренер, стоматолог, келнерка во ресторан... Јас само сакам мојата Влада и општеството во целост да го почитува мојот избор на работа и кариера. Вршење на сексуалната работа е најдоброто за мене од сите опции и себе си се гледам како го правам тоа уште многу години.
10